Password Production

Password Production

Победниците на Лузер Фест 2019, Cut Your Nipple, денес го промовираат својот прв сингл “What we stand for” од деби албумот “The Jungle Book”

Повеќе од една декада, Лузер Фест е единствениот настан посветен на промоција на најмладите, демо артисти и музички изведувачи од сите жанрови на домашната сцена.  

Најдругарскиот настан во склоп на Таксират Фестивал, секоја година ја насочува својата енергија да им помогне на младите и талентирани изведувачи да ја изградат својата музичка кариера. 

Победниците на Лузер Фест 2019, Cut Your Nipple се “Phunk” (панк, фанк, алтернативен, рок) бенд од Тетово, основан во 2018 година од страна на Марко Печеновиќ (бас и вокал), Павел Кузманоски (гитари) и Теодор Јаневски (тапани). 

По победата на Лузер Фест, настапот на Д Фестивал и ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, на почетокот на 2020-та, го снимија својот деби албум - The Jungle Book” во студио 1060. Албумот ќе биде издаден од страна на Пасворд Продакшн и на 4-ти март ќе биде достапен на сите дигитални платформи.  

“The Jungle Book” е прво албумско дигитално издание овозможено од соработката на Пасворд Продакшн со Believe Digital, кои се водечки дигитални дистрибутери за независни изведувачи и продукциски куќи. Албумот ќе биде дел од поголем каталог на домашни, квалитетни музички изведувачи.

Првиот сингл на Cut Your Nipple, насловен “What We Stand For” е достапен на сите дигитални платформи

Речиси една година по почетокот на пандемијата, музичката индустрија сè уште е “во мирување”. Во моментов, кога големите настани предвидени за 2021-ва се во неизвесна ситуација, клучните активности за помалите фестивали се соработка и планирање на заеднички активности. Токму во овие рамки SMA! ја започнува својата оперативна фаза.

Како акцелератор за поддршка на мали мултимедијални фестивали, SMA! цели во наредните три години да создаде одржлив модел за меѓународен развој. Преку стратегии за диверзификација и подобрување на управувањето и односите на засегнатите страни, ќе се постигне поголема конкурентност и привлечност во рамките на организациите за музички и културни настани. Проектот исто така ќе поттикне создавање на одржливи инфраструктури во областа на креативните индустрии во периферните европски држави, поддржувајќи го економскиот и социјалниот раст на локалните и регионалните заедници.

Во следните три години, преку реализација на предвидените проектни активности, SMA! ќе воспостави, меѓу другото, имплементација на стратегија за развој и зајакнување на идентитетот на секој поединечен фестивал, како и професионални обуки за организаторите. Покрај тоа, охрабрена и овозможена ќе биде и мобилноста на организаторите, со цел стекнување искуство и учење како другите фестивали се справуваат со своите секојдневни предизвици.

SMA! исто така има за цел подобрување на економијата на партнерските настани, преку воспоставување на активности што ќе го зголемат културниот туризам во овие области, а особено внимание ќе се посвети и на еколошката самоодржливост на настаните.

Покрај Пасворд Продукција со Д Фестивал, во проектот се вклучени и претставници од Италија, Германија, Естонија и Шпанија: Associazione Culturale Glenn Gould со Ypsigrock Festival, MeltingPro, Raum 3 со Haldern Pop, Music Estonia и Turismo Vivencial.

 

Меѓународното жири на HEMI (Центар за размена на музички иновации), составено од организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и музички новинари, од вкупно 285 исклучителни европски таленти, избра 27 меѓу кои се наоѓаат едни од најквалитетните македонски музички изведувачи: FUNK SHUI, PLUTO’S DOUBTS и YÖU. 

 

Само девет од нив ќе стигнат до втората фаза, која вклучува персонализирана поддршка, обука и вмрежување, а во последната фаза, три музички изведувачи ќе ја освојат #HemiMusicAward - награден пакет кој ги покрива трошоците за создавање содржина, промотивни кампањи и турнеја на интернационални шоукејс фестивали и конференции!

 

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) - Европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

 

Повеќе информации за номинациите на овој линк

Wednesday, 02 December 2020 08:51

ПИН ТВ

Wednesday, 02 December 2020 08:44

ПИН ТВ: 24 hour NO party people

Ако Таксират е народски познат како “лоша судбина”, а 2020-та како пандемска, тогаш за нас ова e природна состојба. Не смеете да шетате, да се дружите, но нема проблем, цел Декември ќе дојдеме ние кај вас!

Така, седејќи, размислувајќи надвор од сцената, се роди идејата за ПИН ТВ – 24 hour NO party people!

Дваесет и две години по ред, Таксират Фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот кај нас.

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 ЧАСА, која ќе биде ексклузивно емитувана на 13-ти ДЕКЕМВРИ (недела), под наслов “24 hour NO party people“, на МРТ 3, како и Фејсбук, Јутуб каналите на Таксират Фестивал и единствената музичка конференција ПИН.

Нејзиниот карактер е динамичен, а нејзината цел е на уникатен и наш начин да ги документира сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период.

Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави.

—————————

Дознајте што ПАПАТА бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на ХЕЛСИНКИ од LA CASA DE PAPEL, кои песни ги обожава ROCCO SIFFREDI, дали ќе го биде EXIT FESTIVAL, POHODA или GLASTONBURY, дали е потребно музичко ЕКСПОРТ биро во Македонија, како да се заработи од ТИК ТОК, колкави хонорари се вртат во светот на музиката…

Но, не е само тоа, Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20 КОНЦЕРТИ! Ќе имате можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират Фестивал.

СУПЕРХИКС, БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ЉУБОЈНА, ЏАМБО АГУШЕВ, победниците на Лузер Фест – CUT YOUR NIPPLE, АНТОНИЕ ВЕСКОВСКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ПЕРИЈА, ЈОН АЈДИ, ТОКА ШИТЕТ, ќе ви ја доловат убавината на Скопје, кое ќе биде и домаќин на изведувачи од Уганда, Канада, Словачка, Грција, Чешка, Франција, Белорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот ПИН ТВ – Германија.

Гледајте ПИН ТВ на Таксират #22 – вашиот традиционален филтер на чист воздух.

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) - европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Биди дел од годишната програма за музички таленти со која можеш да добиеш персонализирана поддршка од страна на професионалци од меѓународната музичка индустрија, заедно со активности за вмрежување и турнеи кои ќе ти помогнат да ги пробиеш границите на Македонија и можност да освоиш нова публика на 10-те водечки музички конференции и фестивали низ цела Европа.

Изборот ќе го врши меѓународно жири составено од 27 експерти, вклучувајќи организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и клубови, и музички новинари. Избраните таленти ќе бидат промовирани од страна на 18 медиумски партнери од 9-те земји кои го сочинуваат HEMI.

HEMI MUSIC AWARDS 2021 се состои од програмски пакети кои содржат бројни активности составени од едукација и практичен дел, а вклучуваат персонализирани консултации, експорт пакети, вмрежување со професионалци од европската музичка индустрија, поддршка при промоција и организација на турнеја.

Апликантите мора да бидат бендови или соло артисти (постари од 18 години), кои живеат во една од земјите кои го сочинуваат HEMI. Крајниот рок за аплицирање е среда, 23-ти декември 2020 година до 23:59 часот. Аплицирањето е бесплатно и отворено за секој музички жанр. Сè што е потребно е да се пополни апликацијата - https://hemimusichub.com/awards/

ШТО Е HEMI?

Центарот за размена на музички иновации (HEMI) е иницијатива на 10 музички организации од Централна и Југоисточна Европа (CSEE), кофинансирана од програмата Креативна Европа на Европската Унија и е со времетраење од 4 години (2020-23).

Партнерството вклучува јавни и приватни организации, здруженија, организатори на фестивали и конференции, музички експорт бироа и училиште за музички бизнис. Визијата на HEMI е да создаде одржлив „Музички центар“, чија цел е развој на иновативни деловни модели, ко-продукција и ко-промоција на нови настани/производи, создавање на инкубатор за музички професионалци и поддршка на уметници за задоволување на тековните потреби на пазарот.

Дознајте повеќе за HEMI: https://hemimusichub.com/

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ:
ANTENNA 5 RADIO NETWORK (MK) | ANTYRADIO (PL) | AVPOPOLIS.GR (GR) | BALKANROCK (RS) | FRONTMAN (CZ) | INFOMUSIC (RO) | LIFO (GR) | MUSIC SERVER (CZ) | ODZVEN WEB MUSIC MAGAZINE (SI) | |RAADIO 2 (EE) | RADIO GUERRILLA (RO) | RADIO MOF (MK) | RADIO TERMINAL (SI)

ПАРТНЕРСКИ НАСТАНИ НА ХЕМИ:
ATHENS MUSIC WEEK (GR) | BUSH (HU) | CEEntral PARTY (CZ) | EXIT FESTIVAL (RS) | MASTERING THE MUSIC BUSINESS (RO)| MENT LJUBLJANA (SI) | PIN MUSIC CONFERENCE (MK) | TAK BRZMI MIASTO (PL) | TALLINN MUSIC WEEK (EE) | WIANKI FESTIVAL (PL)


За повеќе информации во врска со HEMI музичките награди, обратете се на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Другари,

Поради моменталната здравствена ситуација и се’ построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на Страјк и концертот на Laibach, да ги одложиме за поубави времиња, со цел сите кои имаат желба, да можат да присуствуваат.

Билетите остануваат достапни во продажба онлајн на – https://taksirat.mk/bileti/, a сите досега набавени билети остануваат валидни за новите датуми кои ќе ги објавиме дополнително.

Исто така, отворена е и можноста за поврат на средствата преку MkTickets и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кралот на валцерот, Андре Риу го најавува своето ново издание “Jolly Holiday” кое премиерно ќе излезе на 13-ти ноември 2020-та година.

Оваа селекција ги содржи најпознатите божиќни мелодии на сите времиња: Jingle Bells, We Wish You a Merry Christmas, White Christmas, Silent Night, O Holy Night, The Holy City, Walking in the Air, Sleigh Ride, Oh When the Saints, I Will Follow Him, Panis Angelicus, Amen, Mary’s Boychild или What a Wonderful World, како и екслузивен поглед зад сцената, во волшебниот свет на Андре Риу.

Андре Риу вели: “Божиќ е мојот омилен период од годината! Со овој албум, сакам да ве одведам на прекрасно музичко патување до зимската земја на чудата - во замокот од бајкитe и светот на Дедо Мраз, за да ја почувствуваме убавината на сезоната и магијата на Божиќ. Долго време, мојот сон беше да одржувам божиќни концерти во родниот град Мастрихт. А, во 2019-та овој сон стана реалност. Oва ЦД + ДВД ја доловува фантастичната атмосфера на овие концерти, како и ексклузивниот поглед зад сцената. Многу сум возбуден што имам шанса да го споделам со вас! Ви посакувам прекрасна празнична сезона, исполнета со многу музика.”

Целиот живот на познатиот виолинист Андре Риу е исполнет со исклучителни достигнувања, преку кои го добива статусот на најголемиот уметник во светот на класичната музика во моментов. Со над 40 милиони продадени албуми ширум светот и повеќе од 700.000 продадени билети на годишно ниво (во 2018 и 2019-та година) не е ни зачудувачки што New York Times го нарекува “маестро на широките маси”.

Во декември 2019-та година, над 35.000 фанови од целиот свет, отпатуваа во Мастрихт за да им се придружат на Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус за три незаборавни и романтични вечери исполнети со божиќна музика. Сега може и вие да уживате во оваа уникатна атмосфера и прекрасно концертно искуство, од удобноста на вашата дневна соба. Сите информации околу новото издание може да се погледнат на следниот линк - https://www.andrerieu.com/en/jolly-holiday/

Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус ви посакуваат убави празници и ве очекуваат на својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 12-ти ноември 2021-ва година. Билетите се достапни во продажба на https://mktickets.mk/event/andrerieu2021/

Иако со години одбиваа, па и на јавните настапи истакнуваа дека не се и не сакаат да се дел од ниту една политичка опција, членовите на бендот Дубиоза Колектив изгледа сепак го сменија мислењето и станаа членки на една новооформена партија.

Изгледа дека се одлучиле, како и многу други колеги од естрадата, да се вгнездат во политика. Се уште се во сеќавање медиумските настапи на поединечни членови на групата, на кои јавно ги повикуваат, а дури и упатуваат пцовки кон политичките партии, а денес сепак влегуваат во светот на политиката. Дали ги имаат издадено своите идеали и зошто го погазија јавно даденото ветување дека никогаш нема да се зачленат во некоја партија, ги прашавме членовите на Дубиоза Колектив:

„Сфативме дека, доколку нешто сакаме да промениме, мора да почнеме да делуваме директно низ политички систем. Песните и уметноста не можат многу нешта да направат. Роботската демократска партија (РДП), на чело со основачот и претседателот - Роби Мегабајт, е прва партија чии што идеали и политички пристап ги поддржуваме во целост. Роботот е модерен лидер, чиј алгоритам ги спроведува уставот и законите точно онака како што се напишани и за него се невозможни аномалии како криминалот и корупцијата, од проста причина што роботот нема роднини кои ќе ги вработува со врски и нема потреба било кој да биде привилегиран."

Една од главните идеи е нормализирање и регулирање на односите помеѓу луѓето и машините, пред се, роботите. РДП се залага сите роботи без оглед на земјата на производство, да имаат со устав еднакви загарантирани права: право на редовен сервис, право на редовен „software update“, и еднакви права при кандидирањето за функции во извршната и законодавната власт во БиХ.

Исто така, борбата против cyber-корупцијата и криминалот нам ни е приоритет. Ги повикуваме сите луѓе, а особено младите „ IT“ професионалци да ни се придружат, бидејќи иднината е во младите програмери. Како што би кажал нашиот претседател на партијата: „Умот и мудроста на политичарите, кои во моментот ја водат планетава е на ниво на компјутерски процесор од 80-тите години.“ На оваа планета итно и е потребен „reset“, а потоа и „update“ на системот. - изјавил Брано Јакубовиќ, претседател на месниот одбор на РДП во Забрѓе.

Членовите на Дубиоза Колектив, заедно со основачот и претседател на партијата - Роби Мегабајт, ја напишаа и испејаа официјалната партиска химна, чиј рефрен можете да го чуете во продолжение. Целосната химна премиерно ќе биде изведена во првата епизода на Дубиоза Колектив „Quarantine Show“, закажана за 19.10.2020 во 20:30.

Погледнете го рефренот на химната на РДП овде: https://youtu.be/HqjnKNfRw4g

Гледајте ги Дубиоза Колектив "Quarantine Shows" секој понеделник, од 19.10.2020 овде:

https://www.facebook.com/dubioza/ и https://www.youtube.com/c/dubiozatv%C2%A0

 

- 40 ГОДИНИ ЛАЈБАХ НА ТАКСИРАТ #22 -

Едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија - ЛАЈБАХ, се враќаат на бината на Таксират Фестивал! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври - СЦ “Борис Трајковски”.

Билетите се достапни во продажба онлајн на - bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets. Почеток на концертот е во 20:30 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Лајбах се формираат во 1980 година во малото рударско гратче Трбовље. Уште од својот прв настап предизвикуваат бурни реакции поради својот остар израз и критика кон тогашната политичка ситуација. За Лајбах се снимени бројни документарни филмови, а нивните дела, низ годините стануваат предмет на бројни научни и уметнички изложби. По четириесет години кариера и илјадници концерти низ светот, Лајбах денес важат за уметнички феномен од светски ранг.

Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Page 1 of 78