Три македонски музички изведувачи номинирани за #HemiMusicAward!

Три македонски музички изведувачи номинирани за #HemiMusicAward!

 

Меѓународното жири на HEMI (Центар за размена на музички иновации), составено од организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и музички новинари, од вкупно 285 исклучителни европски таленти, избра 27 меѓу кои се наоѓаат едни од најквалитетните македонски музички изведувачи: FUNK SHUI, PLUTO’S DOUBTS и YÖU. 

 

Само девет од нив ќе стигнат до втората фаза, која вклучува персонализирана поддршка, обука и вмрежување, а во последната фаза, три музички изведувачи ќе ја освојат #HemiMusicAward - награден пакет кој ги покрива трошоците за создавање содржина, промотивни кампањи и турнеја на интернационални шоукејс фестивали и конференции!

 

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) - Европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

 

Повеќе информации за номинациите на овој линк