Почитувани,
Моменталните безбедносни мерки за заштита од корона вирусот на јавни настани, дозволуваат присуство на само илјада посетители, а интересот и продадените билети за концертот на Андре Риу, закажан за 27-ми ноември 2020-та година, се значително поголеми. Поради наведените причини, заедно со тимот на Андре Риу, одлучивме дека правилниот чекор во овој момент, е годинашниот концерт да го презакажеме за 12.11.2021-ва година, со цел сите љубители на неговата музика да имаат можност да присуствуваат на ова прекрасно концертно искуство.
“Здраво, драги мои пријатели од Македонија! Јас и мојот оркестар со нетрпение го очекувавме враќањето во вашата прекрасна земја и големиот настап пред македонската публика. Но, безбедноста на големото “Андре Риу семејство“, составено од вас - мојата драга публика, целиот мој тим и музичарите, секогаш доаѓа на прво место! Ви благодариме за трпението и ве моламе да останете во добро здравје! Многу љубов од Мастрихт!” - вели Андре Риу.
Сите набавени билети остануваат валидни за новиот датум - 12.11.2021-ва година во СЦ “Борис Трајковски”.
Билети и информации за концертот на: mktickets.mk и www.andrerieu.com