Password Production

Password Production

Другари,

Поради моменталната здравствена ситуација и се’ построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на Страјк и концертот на Laibach, да ги одложиме за поубави времиња, со цел сите кои имаат желба, да можат да присуствуваат.

Билетите остануваат достапни во продажба онлајн на – https://taksirat.mk/bileti/, a сите досега набавени билети остануваат валидни за новите датуми кои ќе ги објавиме дополнително.

Исто така, отворена е и можноста за поврат на средствата преку MkTickets и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кралот на валцерот, Андре Риу го најавува своето ново издание “Jolly Holiday” кое премиерно ќе излезе на 13-ти ноември 2020-та година.

Оваа селекција ги содржи најпознатите божиќни мелодии на сите времиња: Jingle Bells, We Wish You a Merry Christmas, White Christmas, Silent Night, O Holy Night, The Holy City, Walking in the Air, Sleigh Ride, Oh When the Saints, I Will Follow Him, Panis Angelicus, Amen, Mary’s Boychild или What a Wonderful World, како и екслузивен поглед зад сцената, во волшебниот свет на Андре Риу.

Андре Риу вели: “Божиќ е мојот омилен период од годината! Со овој албум, сакам да ве одведам на прекрасно музичко патување до зимската земја на чудата - во замокот од бајкитe и светот на Дедо Мраз, за да ја почувствуваме убавината на сезоната и магијата на Божиќ. Долго време, мојот сон беше да одржувам божиќни концерти во родниот град Мастрихт. А, во 2019-та овој сон стана реалност. Oва ЦД + ДВД ја доловува фантастичната атмосфера на овие концерти, како и ексклузивниот поглед зад сцената. Многу сум возбуден што имам шанса да го споделам со вас! Ви посакувам прекрасна празнична сезона, исполнета со многу музика.”

Целиот живот на познатиот виолинист Андре Риу е исполнет со исклучителни достигнувања, преку кои го добива статусот на најголемиот уметник во светот на класичната музика во моментов. Со над 40 милиони продадени албуми ширум светот и повеќе од 700.000 продадени билети на годишно ниво (во 2018 и 2019-та година) не е ни зачудувачки што New York Times го нарекува “маестро на широките маси”.

Во декември 2019-та година, над 35.000 фанови од целиот свет, отпатуваа во Мастрихт за да им се придружат на Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус за три незаборавни и романтични вечери исполнети со божиќна музика. Сега може и вие да уживате во оваа уникатна атмосфера и прекрасно концертно искуство, од удобноста на вашата дневна соба. Сите информации околу новото издание може да се погледнат на следниот линк - https://www.andrerieu.com/en/jolly-holiday/

Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус ви посакуваат убави празници и ве очекуваат на својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 12-ти ноември 2021-ва година. Билетите се достапни во продажба на https://mktickets.mk/event/andrerieu2021/

Иако со години одбиваа, па и на јавните настапи истакнуваа дека не се и не сакаат да се дел од ниту една политичка опција, членовите на бендот Дубиоза Колектив изгледа сепак го сменија мислењето и станаа членки на една новооформена партија.

Изгледа дека се одлучиле, како и многу други колеги од естрадата, да се вгнездат во политика. Се уште се во сеќавање медиумските настапи на поединечни членови на групата, на кои јавно ги повикуваат, а дури и упатуваат пцовки кон политичките партии, а денес сепак влегуваат во светот на политиката. Дали ги имаат издадено своите идеали и зошто го погазија јавно даденото ветување дека никогаш нема да се зачленат во некоја партија, ги прашавме членовите на Дубиоза Колектив:

„Сфативме дека, доколку нешто сакаме да промениме, мора да почнеме да делуваме директно низ политички систем. Песните и уметноста не можат многу нешта да направат. Роботската демократска партија (РДП), на чело со основачот и претседателот - Роби Мегабајт, е прва партија чии што идеали и политички пристап ги поддржуваме во целост. Роботот е модерен лидер, чиј алгоритам ги спроведува уставот и законите точно онака како што се напишани и за него се невозможни аномалии како криминалот и корупцијата, од проста причина што роботот нема роднини кои ќе ги вработува со врски и нема потреба било кој да биде привилегиран."

Една од главните идеи е нормализирање и регулирање на односите помеѓу луѓето и машините, пред се, роботите. РДП се залага сите роботи без оглед на земјата на производство, да имаат со устав еднакви загарантирани права: право на редовен сервис, право на редовен „software update“, и еднакви права при кандидирањето за функции во извршната и законодавната власт во БиХ.

Исто така, борбата против cyber-корупцијата и криминалот нам ни е приоритет. Ги повикуваме сите луѓе, а особено младите „ IT“ професионалци да ни се придружат, бидејќи иднината е во младите програмери. Како што би кажал нашиот претседател на партијата: „Умот и мудроста на политичарите, кои во моментот ја водат планетава е на ниво на компјутерски процесор од 80-тите години.“ На оваа планета итно и е потребен „reset“, а потоа и „update“ на системот. - изјавил Брано Јакубовиќ, претседател на месниот одбор на РДП во Забрѓе.

Членовите на Дубиоза Колектив, заедно со основачот и претседател на партијата - Роби Мегабајт, ја напишаа и испејаа официјалната партиска химна, чиј рефрен можете да го чуете во продолжение. Целосната химна премиерно ќе биде изведена во првата епизода на Дубиоза Колектив „Quarantine Show“, закажана за 19.10.2020 во 20:30.

Погледнете го рефренот на химната на РДП овде: https://youtu.be/HqjnKNfRw4g

Гледајте ги Дубиоза Колектив "Quarantine Shows" секој понеделник, од 19.10.2020 овде:

https://www.facebook.com/dubioza/ и https://www.youtube.com/c/dubiozatv%C2%A0

 

Friday, 02 October 2020 10:40

NEXT EVENT

Friday, 02 October 2020 10:38

NEXT EVENT

- 40 ГОДИНИ ЛАЈБАХ НА ТАКСИРАТ #22 -

Едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија - ЛАЈБАХ, се враќаат на бината на Таксират Фестивал! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври - СЦ “Борис Трајковски”.

Билетите се достапни во продажба онлајн на - bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets. Почеток на концертот е во 20:30 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Лајбах се формираат во 1980 година во малото рударско гратче Трбовље. Уште од својот прв настап предизвикуваат бурни реакции поради својот остар израз и критика кон тогашната политичка ситуација. За Лајбах се снимени бројни документарни филмови, а нивните дела, низ годините стануваат предмет на бројни научни и уметнички изложби. По четириесет години кариера и илјадници концерти низ светот, Лајбах денес важат за уметнички феномен од светски ранг.

Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Почитувани,

Моменталните безбедносни мерки за заштита од корона вирусот на јавни настани, дозволуваат присуство на само илјада посетители, а интересот и продадените билети за концертот на Андре Риу, закажан за 27-ми ноември 2020-та година, се значително поголеми. Поради наведените причини, заедно со тимот на Андре Риу, одлучивме дека правилниот чекор во овој момент, е годинашниот концерт да го презакажеме за 12.11.2021-ва година, со цел сите љубители на неговата музика да имаат можност да присуствуваат на ова прекрасно концертно искуство.

“Здраво, драги мои пријатели од Македонија! Јас и мојот оркестар со нетрпение го очекувавме враќањето во вашата прекрасна земја и големиот настап пред македонската публика. Но, безбедноста на големото “Андре Риу семејство“, составено од вас - мојата драга публика, целиот мој тим и музичарите, секогаш доаѓа на прво место! Ви благодариме за трпението и ве моламе да останете во добро здравје! Многу љубов од Мастрихт!” - вели Андре Риу.

Сите набавени билети остануваат валидни за новиот датум - 12.11.2021-ва година во СЦ “Борис Трајковски”. 

Билети и информации за концертот на: mktickets.mk и www.andrerieu.com

 

Page 1 of 79