Balkan happy tour

Balkan happy tour

Со нескриено задоволство најавуваме: во продукција на Password Manu Chao La ventura на десетдневна априлска балканска турнеа насловена како "Balkan Happy tour". Откако Македонија имаше ексклузивна прилика да ги види френетичните Ману Чао и неговите Ла Вентура на минатогодишниот Таксират 12, задоволството да го дружат на ова негово посебно балканско појавување ќе ја имаат Љубљана, Загреб, Сараево, Нови Сад, Приштина, Тирана, Софија, Букурешт и Истанбул (од 2. до 19. април).