Мјузиклот Монти Пајтон Спамалот е ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕН!

Мјузиклот Монти Пајтон Спамалот е ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕН!

На помалку од 4 недели пред одржувањето, РАСПРОДАДЕНИ СЕ СИТЕ БИЛЕТИ за ексклузивната изведба на хит-мјузиклот МОНТИ ПАЈТОН СПАМАЛОТ во Скопје! Музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ и еден од најпопуларните бродвејски мјузикли досега, на 27-ми ноември прв пат ќе биде одигран пред македонската публика, во рамки на Таксират. Станува збор за вистински театарски феномен кој за само пет години од поставувањето на бродвејскиот репертоар осви 2 милиони луѓе во 25 држави ширум светот. Со врвна светска продукција каква што досега не сме виделе на театарските сцени во регионов и во изведба на извонредниот ансамбл од Србија, конечно и македонската публика ќе има привилегија за целовечерно ужување во Пајтоновскиот хумор на спектакуларен начин.

Мјузиклот „Спамалот“ во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимарев, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна ја восхити македонската публика и со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав - Рале Миленковиќ.

- Проектот „Спамалот“ е единствен музичко-сценски спектакл кој по прв пат на овие простори, на публиката ѝ овозможува да ужива во врвната светска продукција. Собравме екипа од повеќе од 100 луѓе кои го чинат актерскиот, балетскиот, хорскиот и оркестарскиот ансамбл, како и поголем број на надворешни соработници од областа на уметничките и сценските активности. Овој мјузикл е одлична прилика за сите љубители на Монти Пајтон и добриот хумор да дојдат и заедно со нас да уживаат во светски познатиот музичко-сценски спектакл – изјавуваат од Proscenium Productions, кои стојат зад продукцијата на овој мјузикл.

Популарниот мјузикл ексклузивно ќе биде одигран во Скопје, на 27-ми ноември 2016, во реновираната сала на Македонска Опера и Балет.

Повеќе за овој настан прочитајте тука.