Распродадени се фан-пит и партер билетите за ЖАН-МИШЕЛ ЖАР!

Распродадени се фан-пит и партер билетите за ЖАН-МИШЕЛ ЖАР!

Остануваат уште безмалку 20 дена до одржувањето на концертот на легендарниот ЖАН-МИШЕЛ ЖАР во Скопје, а веќе е распродаден речиси 70% од вкупниот капацитет за овој ексклузивен настан на ТАКСИРАТ, од кои ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕНИ се фан-пит и партер билетите! Концертот со кој ќе биде одбележано отворањето 18-тото издание на ТАКСИРАТ ќе се одржи на 13-ти ноември во Арена Борис Трајковски, а ова е прво гостување во Македонија на пионерот на електронската музика и воедно единствен негов концерт во регионот! Имајќи го тоа предвид, како и најповолните цени на билетите споредбено со останатите на европскиот пазар, концертот во Скопје привлекува огромен интерес и кај публиката од соседните земји, па сите оние кои сѐ уште не ги набавиле своите билети треба навистина да побрзаат!

Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, со што македонската публика ќе има привилегија да ужива во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и тоа во лимитиран број односно во продажба беа пуштени само 6000 билети, а со овој капацитет скопскиот концерт на Жан-Мишел Жар претставува своевиден ексклузивитет во неговата турнеја во чии рамки тој настапува пред повеќекратно повеќе публика.


Цени на преостанатите билети:
блок 5, 6, 10, 11: 1200 денари,
блок 7, 8, 9: 1300 денари,
блок 3: 1500 денари,
блок 2, 4, 12, 14: 1600 денари,
ВИП (блок 13): 2000 денари.

Продажни места:
Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;
Во Охрид: New Tobacco;
Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;
Онлајн на mktickets.mk .