Засвири на EXIT!

Засвири на EXIT!

WeShareMusic: ЗАПОЧНУВА PLAY @ EXIT НАТПРЕВАРОТ

Како и секоја година, преку овој натпревар ги отвораме вратите за сите заинтересирани соло изведувачи, бендови и DJ-и на некоја од фестивалските бини.

Натпреварот оваа година започнува на 18ти февруари, а сите заинтересирани се регистрираат на Exitmusic.tv. За бендовите кои веќе имаат профил на нашиот сајт, доволно е само да се логираат и на својата страница и да кликнат на "Play at Exit 2011″. Реазултатите на натпреварот ќе бидат објавени на 20ти мај, а на победниците им се пружа можноста да се најдат на "Exit Music Live" компилацијата која ќе биде објавена на онлајн етикетата на Exit.

Минатата година на Play @ Exit се пријавиле повеќе од 570 изведувачи, а бендовите кои беа избрани настапија на фестивалските бини (Exit Music Live, Fusion, Explosive...). што е главниот принцип и оваа година.

Exit се одржува од 7ми до 11ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а досега својот настап го потвдија Arcade Fire, Portishead, Grinderman, Underworld, Beirut, Gramophonedzie, Tiga, James Zabiela и многу други.

Повеќе информации на:
www.exitmusic.tv
www.exitfest.org
www.facebook.com/exitmk