„С.А.Р.С.“ во борба против насилството врз жените

„С.А.Р.С.“ во борба против насилството врз жените

Групата С.А.Р.С. синоќа премиерно го прикажа својот најнов спот насловен „Практична жена“ кој испраќа силна порака против семејното насилство, а за „понежниот“ пол претставува краток курс за самоодбрана. Видеото е изработено како дел од проектот #CrazyEnoughToChangeTheWorld и е прво во низата кои ќе бидат обид да се промени светот на подобро!

За помалку од 24 часа, спотот „Практична жена“ има над 15.000 прегледувања:

Не сакавме да направиме уште едно мрачно видео во кое жените се претставени со модринки, уплашени и немоќни. Се одлучивме за поинаков пристап во намерата да ги охрабриме жените и да ги научиме како да се заштитат и одбранат доколку станат жртва на семејно насилство. На овој начин покрај новата песна на С.А.Р.С. „Практична жена“, ќе биде прикажан и краток курс за самоодбрана и се надеваме дека ова видео на некој начин ќе го промени светот некому,“ објаснија Душан Адамовиќ и Марко Ромчевиќ, автори на проектот #CrazyEnoughToChangeTheWorld.
Инаку, оваа иницијатива ја претставува првата во светот јавна „open source“ база која ќе содржи видео материјали за општествено ангажираните прашања која ќе биде апсолутно секому достапна за користење и тоа целосно бесплатно!

Сѐ што треба да направите е да отидете на нашиот сајт CrazyEnoughToChangeThe.World, да ја пронајдете општествената цел која сакате да ја поддржите, да го пронајдете видеото во нашата база кое најмногу одговара на вашата кампања и да го искоритите во целост или да го прилагодите на вашите потреби. Тоа значи дека можете да додадете ваша музика, титлови и да го преработите во склад со вашиот проект,“ објаснуваат Душан и Марко. „Видеото против семејното насилство е првиот музички спот кој ќе се најде во нашата база и бендот С.А.Р.С. го искористи како спот за нивната песна ‘Практична жена’. Се подготвуваат уште две видеа – против педофилија и за зголемување на свеста за рак на дојките, а наскоро базата ќе ја збогатиме и со пократки форми кои ќе се бават со други важни општествени теми. Ги повикуваме сите музичари, општествено одговорни компании и поединци од сите краишта на светот да одберат некое видео од нашата база и да бидат доволно храбри и луди да се впуштат во менување на светот...

Новиот, петти студиски албум на С.А.Р.С. насловен „Пролеќе“ (Proleće), во издание на „Лампшејд Медиа“ (Lampshade Media), беше објавен на официјалниот „Јутјуб“ канал на групата непосредно по белградскиот концерт, а кога пролетта и календарски пристигна, албумот излезе и на „Дизер“ (Deezer).