Дубиоза го рокнаа Гластонбери

Дубиоза го рокнаа Гластонбери

"Ги надминаа сите очекувања и го рокнаа Шангри Хел стејџот до даска," пишува Kaptin is dead за настапот на Дубиоза на Гластонбери, влијателен британски блогер, кој свирката на најомилените Босанци во светот на Гластонбери го смести во топ 8 концерти на годинашното издание на најголемиот фестивал на Планетава.

Листата со впечатоци од Гластонбери 2015 на Kaptin is dead оди вака: Gregory Porter, Super Furry Animals, Future Islands, по што доаѓаат Дубиоза Колектив. Следуваат Too many Zooz, Dutty Moonshine Big Band, 47Soul и Seven Little Sisters.

"Иако свиреа во раните утрински часови во понеделникот, кога веќе им ја бев дал душата на фестивалските Богови, морав да останам буден и да ги гледам дечкиве. За среќа, целосно се исплатеше. Ги надминаа сите очекувања и го рокнаа Шангри Хел стејџот до даска. Добро е што ќе ги имаме и тоа два пати на BoomTown, еднаш на централната сцена и еднаш на Џоли Доџер пиратскиот брод. Ако доаѓате, гледајте да ги фатите барем еднаш," пишува Kaptin is dead.

BoomTown е инаку голем фестивал во Винчестер, Англија, со околу 40.000 посетители секоја година. Дубиоза продолжуваат со големата европска турнеја, чии датуми и локации можете да ги видите тука.