Нова тура промо билети за Д Фестивал

Нова тура промо билети за Д Фестивал

Продолжува студентската акција "4 + 1" и во продажба оди нов контингент на карти за Д Фестивал по промотивна цена. Фул фестивалско искуство за 600 ден... Бонус, пред фестивалот ќе се прска против комарци :)

На наше задоволство и за радост на сите оние кои изминативе денови постојано ни испраќаа пораки со прашања за истекот на рокот, во чест на скромниот петти јубилеј, Д ФЕСТИВАЛ ја продолжува промотивната, како и студентската „4+1“ акција. Имено, поради извонредниот интерес и на барање на голем број фанови кои не стигнаа до 1. јули да ги обезбедат своите влезници за Д ФЕСТИВАЛ, по распродажбата на првиот, промотивната цена и студентската акција 4+1 продолжуваат да важат и за вториот контингент влезници! Во продажба се достапни уште една количина од ограничен број влезници за кои оваа акција продолжува да важи сѐ до нивната распродажба. Сите студенти добиваат уште една прилика да ги комплетираат своите екипи за единствената фестивалска понуда ова лето. Во рамки на студентската акција „4+1“ секоја екипа од четворица која заедно ќе ги купи своите влезници за Д Фестивал, ќе добие петта влезница гратис за уште еден член на друштвото. Оваа акција се однесува на тридневните влезници со гратис камп кои истотака сѐ уште ќе се продаваат по промотивната цена од 600 денари, додека еднодневните влезници чинат 250 денари за петок (17. јули) и сабота (18. јули), а 350 денари за недела (19. јули). Влезниците за ова исклучително фестивалско доживување кое ќе се одвива од 17. до 19. јули во Дојран, се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс.

Ве потсетуваме и на програмата:

MAIN STAGE

17. јули 2015

FURION

НОВИОТ ПОЧЕТОК

КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ

POINT BLANK

ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ

BAD COPY

WILKINSON

 

18. јули 2015

FOOLISH GREEN

ZAA

PMG KOLEKTIV

ФОЛТИН

LJUBOJNA BRASS FANTASY

KIRIL DJAIKOVSKI ft. TK WONDER

ANTENNA 5 DJs

 

19. јули 2015 

DRUM`N BRASS Trio

BLLA BLLA BLLA

BAILDSA

MANU CHAO LA VENTURA

 

MOSQUITО STAGE

18.07. - Сабота

SWATOVSKI

PROJECT 2501

SMOKE SHAKERS

ORATNITZA

RETRO CABARET

19.07. - Недела

АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ

JUNE

TV RAGE

BROOKA BAND

Без комарци на Mosquito stage


Непосредно пред фестивалот, на територијата на општина Дојран ќе се изврши авионско прскање против комарци со висококвалитетен инсектицид, за кој од општината потенцираат дека не е штетен за луѓето, почвата и растенијата и не ја загадува водата. Се' со цел раат фестивалско искуство.

Организиран автобуски превоз

За посетителите на Д ФЕСТИВАЛ во продажба се достапни и пакетите со организиран автобуски превоз кои ќе се спроведува од повеќе градови низ Македонија и тоа Скопје, Велес, Куманово, Штип, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Битола и Охрид. Во посочените продажни места ќе ги најдете сите информации за цените и термините за патување.


Т.A. Мартин
Телефон:+38943/22-22-55, +38978/38-38-03
Адреса:Борис Трајковски бр.18, Велес

T.A. Мерион Травел
Телефон: +389 31 419 146, +389 77 608 888
Адреса: Ленинова бр.30, Куманово

Т.А. Медитеран
Телефон: +389 32 397 001
Адреса: Ванчо Прќе, Штип

Т.А. Метфил
Телефон: +389 033/ 274 – 371
Адреса: Кеј на револуција бр.22, Кочани

Т.А. Атлантик Турс
Подружница Атлантик Турс – Кавадарци
Телефон: +389 43 420 885
Ул. Илинденска ББ, Кавадарци
Подрижница Атлантик Турс – Скопје
Телефон: + 389 2 3109 825
Железничка Станица – Скопје

Т.А. Скала Травел
Телефон:+389 34/330-311
Плоштад Маршал Тито бр.6, 2400 Струмица
(над градското собрание)

Т.А. Путник
Телефон:+389 34 216 901
Ул. 7 ми Ноември бр. 53, Гевгелија

Т.А. Бран
тел: +389 48 411-188
ул.Пере Тошев – 75 Прилеп

Т.А. Ана Турс
Телефон: +389 47 203 580
Ул„Столарска„ бб комплекс Безнетен- Битола

Т.А. Глобус Травел
Телефон: +389 46 528-838
Булевар Туристичка Мини базар Гранит локал 5 запад, Охрид