Денес нова песна, наскоро и нов албум. Чујте ја "Вјеруј у мене"

Денес нова песна, наскоро и нов албум. Чујте ја "Вјеруј у мене"

 

Може да се каже дека во последните неколку месеци околу Хладно Пиво владее атмосфера - затишје пред бура. Сега полека се наѕира и зошто: новите песни се напишани и се во фаза на полирање, а новиот албум само што не е завршен. Во таа чест, точно на пладне, Хладно Пиво на својата ФБ фан страна ја претстави новата песна - Вјеруј у мене. Се работи за третиот сингл од албумот кој што треба да го види светлото на денот во април, а носи наслов - "Дани затворених врата." Овој албум не носи само нови песни, туку и сосема неочекувани новини во Хладно Пиво. Така, албумот "Дани затворених врата" ќе биде првото издание на Хладно Пиво за својата сопствена етикета - Гајба Рекордс.

 

"’Вјеруј у мене’ е песна за позитивниот пристап со кој што обично ја почнуваме секоја проба, затоа што лечи од умор и од малодушност, а ги освежува ушните тапанчиња. Овој сингл воедно е и најава на новиот албум кој ќе го издадеме во средина на април за самите себе. Така ќе имаме издавач со кој што секогаш ќе бидеме на иста, секогаш позитивна, бранова должина :)," порачуваат од бендот.

 

Наскоро очекуваме видео спот за Вјеруј у мене, а додека чекаме, уживајте во песната.

 

Музика: Миле/Хладно Пиво

Текст: Миле/Хладно Пиво

Продукција: Павао Михољевиќ и Јурица Ферина 

Снимка и микс: Павао Михољевиќ и Јурица Ферина

Мастеринг: Бред Блеквуд (Еуфоник Мастерс)