Сеќавање

Сеќавање

На денешен ден пред 20 години, почина Милан Младеновиќ, пејачот на култната група Ekatarina Velika.

Во сеќавање на неговиот живот и работа, вечерва во Дом Омладине во Белград се организира програма под името "Kao da je bilo nekad".

ekv mladenovi  225800S1

Роден е на 21 септември 1958 година во Загреб, од татко Спаса (родум од Крушевац), кој бил војно лице и од мајка Даница (од Макарска). Во шестата година со семејството се сели во Сараево, а во 1970 година во Белград. Во Белград ја завршува 11-та Гимназија во која кон крајот на седумдесеттите, заедно со училишниот другар Драгомир Михајловиќ Гаги, го формира својот прв бенд - Лимуново дрво. Во 1980 година, заедно со Михајловиќ, Душан Којиќ - Која и Ивица Вдовиќ, Младеновиќ го формира својот прв позначаен музички состав - Шарло Акробата. Неколку песни од групата ("Нико као ја", "Она се буди", "Око моје главе", "Мали човек") набрзо се објавени на култната компилација „Пакет аранжман“, а во 1981 година излегува првиот и единствен албум на бендот - „Бистрији или тупљи човек бива кад...“. Поради меѓусебните несогласувања, Младеновиќ и Којиќ набрзо се разделуваат и Младеновиќ заедно со Драгомир Михајловиќ формира нов бенд - Катарина II

sarlo-3

Во текот на 1982 година кон новиот бенд се приклучуваат клавијатуристката Маргита Стефановиќ Маги, a во 1983 басистот Бојан Печар и тапанарот Ивица Вдовиќ. Во таа постава групата во 1984 година го издава истоимениот албум, а веднаш потоа Вдовиќ и Михајловиќ си заминуваат од бендот. Михајловиќ како носител на правото на името Катарина II, и го оневозможува на групата правото и понатаму да го користат тоа име, и поради тоа бендот бира ново име - „Екатарина Велика“. Во 1985 излегува истоимениот албум кој добива поволни критики и предизвикува интерес за бендот. Албумот од 1986 година, „С ветром уз лице“, ги лансира на самиот врв на југословенската рок сцена, каде што со Младеновиќ на чело остануваат се до 1994 година издавајќи серија успешни албуми. Во текот на работата со Екатерина Велика, Младеновиќ соработува како продуцент на албумите на бендовите „Густаф и његови добри духови“ и „Фит“. Во 1985 година заедно со останатите членови на Екатарина се појавува во филмот на Горан Марковиќ, „Тајванска канаста“, а следната година и во филмот на Дарко Бајиќ „Црна Марија“ во која ја игра главната улога и за кој ја напишал нумерата „Bus Station“. На крајот на осумдесеттите ја пишува музиката за една театарска претстава на која работеле и Влатко Стефановски, Ѓорѓе Ериќ, Зоран Петровиќ и други.

280606 ekv01rasfoto-privatne-slike orig

Во 1992 година, со членовите на групата Партибрејкерс и Електрични оргазам го формира составот Римтутитуки, чија музичка активност била концентрирана на антивоената пропаганда и со кои Милан го снима синглот Слушај 'вамо!. Синглот го издава белградското радио Б-92, а истиот е промовиран со концерт на камион кој кружел низ улиците на Белград. Кога требало да се оди со Римтутитуки во Бањалука на почетокот на војната, Милан го откажал настапот затоа што била урната најстарата и најпозната џамија Ферхадија од 1579 година. Во летото 1994 година Младеновиќ оди во Бразил, каде со долгогодишниот пријател Митар Суботиќ Суба (алијас Rex Ilusivii) и со неколку бразилски музичарi го снима албумот „Angel’s Breath“ („Ангелски здив“). Во август 1994, по настапот на Екатерина Велика на Фестивалот во Будва, Младеновиќ е префрлен во болница во Белград каде што е утврдено дека има рак на панкреасот. Милан Младеновиќ починал на 5 Ноември 1994 во Белград каде е погребан на Новите гробишта, во Алеата на великаните.

Две улици во главните градови на бившите југословенски републики го носат името на Милан Младеновиќ. Имено, една улица во Земун во 2004та година го добила името Милан Младеновиќ, а на почетокот на декември 2007 и во Зебјело, предградие на Подгорица, на една улица и е дадено неговото име.