„A što dalje“ ?

„A što dalje“ ?

Во Март оваа година најпознатите, најсаканите, најомилените хрватски панк-рокери, одлучија на најверните фанови да им отсвират посебен концерт и да ги потсетат на самите почетоци на создавањето на бендот. Интересот беше преголем за да остане оваа приказна спакувана само во еден ден, па така со ред во 3 дена (7-9.3.2014) во КСЕТ одекнаа звуци на култните 'Džinovskog', 'G.A.D.'-a и 'Desetke'.

Тридневна жестока панк свирка во КСЕТ, распродадена за само неколку минути и тоа денови однапред, остана забележана звучно и визуелно во чест на издавањето  CD и DVD „Evo vam Džinovski!“.
Само мал дел од атмосферата е во видеоспотот за песната од нивниот прв студиски албум 'Džinovski',

„A što dalje“:http://youtu.be/d6cERE6oHH8

10553623 716909125029949 1123075066103622291 n

Igor Vignjević  задолжен за снимањето во тие три дена со право ја понесе титулата – режисер и монтажер на видеоспотот. CD/DVD изданието „Evo vam Džinovski“ со повеќе од 25 песни отсвирени во КСЕТ ќе се најде во продажба на почетокот на Декември оваа година.

www.hladnopivo.hr и Facebook