„Release Yourself“ забавата со РОЏЕР САНЧЕЗ се сели во „Метрополис Арена“

„Release Yourself“ забавата со РОЏЕР САНЧЕЗ се сели во „Метрополис Арена“

Со цел да бидеме сигурни дека ништо нема да се испречи пред ветувањето дека настапот на РОЏЕР САНЧЕЗ ќе биде најдобрата забава која ќе ја одбележи концертната пролет оваа година, ве известуваме дека локацијата за одржување на настанот е преместена во затворен простор. И покрај желбата токму настапот на РОЏЕР САНЧЕЗ како отворање на летната концертна сезона да биде најголемата забава под отворено небо и иницијативата да ги задоволиме желбите на сите кои неодамна бевме понесени од сончевото пролетно будење, поради временските (не)прилики „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез ќе се одржи во „Метрополис Арена“ во Скопје!

Но, без оглед на променливото време, датумот за најголемата пролетна електро забава 16. мај 2014 останува непроменет, како и гаранцијата за сензационална „Грин Бич Фестивал“ pre-party. Вечерта на 16. мај подгответе се да излезете од секојдневието, затоа што ве очекува колективно ослободување на неверојатна позитивна енергија со амбасадорот на денс музиката и творецот на светски популарните „Release Yourself“ забави. Бидете сигурни дека во секој поглед нè очекува незаборавно доживување без разлика дали истото ќе го запишеме во спомените како врела мајска ноќ или дождлива пролетна вечер.

Во организација на Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертеинмент, на сензационалната вечер на 16. Мај во „Метрополис Арена“, еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена РОЏЕР САНЧЕЗ, кој минатата година успеа да ја сруши посетеноста на „Грин Бич“ фестивалот со повеќе од 10.000 фанови, ќе ја претстави својата нова музика и адреналински ритми со голема „Release Yourself“ забава.

Ве потсетуваме дека треба да побрзате за влезниците за „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез кои се достапни во претпродажба по цена од 400 денари, а чија полна цена на денот на концертот ќе биде 500 денари.

Покрај регуларните влезници, во пордажба се и ВИП влезниците од 1.000 денари, како и повеќе типови на ВИП пакети:

* ВИП ПАКЕТ 1 – 5.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + 15 Heineken 0.5Л)

* ВИП ПАКЕТ 2 - 6.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + Eristoff 1Л / Dewars 0,7 Л + 4 Red Bull + 4 води Роса 0,5Л)

* ВИП ПАКЕТ 3 – 9.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + Grey Goose 0,7 Л / Dewars 12 years old 0.7Л + 4 Red Bull + 4 води Роса 0,5Л).

ВИП влезниците и ВИП пакетите можете да ги резервирате на телефонскиот број: 070275624 .

Продажбата на регуларните влезниците се спроведува преку мрежата на МКтикетс.