Conquering Lion промовираат нов спот

Conquering Lion промовираат нов спот

Најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав CONQUERING LION во сабота, 25 јануари 2014 го промовираат новиот видео спот за песната „Trickster’s End“. Промоцијата на спотот ќе се одржи во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) со почеток во 14:00 часот, а настанот е од отворен карактер и можност за ново позитивно дружење со момците од Conquering Lion и нивната публика.

Снимањето на новиот спот е реализирано од страна на Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се на Милан Тоциновски – Сако.

„'Trickster's End' е песната од нашето последно издание 'Revelation' за која се одлучивме да направиме видео запис. Песната е со цврста и јасна порака, се одликува со динамичен и специфичен аранжман кој според нас најдобро би го прикажала целиот концепт на 'Revelation'.

Видео записот за 'Trickster's End' ќе ги претстави моментите од нашите досегашни концерти, гостувања, патувања, дружења и слично. Снимањето одеше глатко и забавно низ повеќе локации на Балканот, од кои би ги издвоиле Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора.

Спотот за 'Trickster's End' нашите пријатели ќе имаат можност да го погледнат промотивно на 25ти јануари во просториите на Југотон во Скопје“ – изјавија Conquering Lion.

„Trickster’s End“ е вториот објавен сингл од новиот, трет албум на Conquering Lion, насловен „Revelation“ кој беше објавен за етикетата на Password Production на 22 ноември 2013. Бендот официјално го промовираше албумот со концерт во рамки на последното издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, а веднаш потоа „Revelation“ беше изборот за новогодишното издание на престижната регионална онлајн EXIT етикета, со што CONQUERING LION стана вториот македонски бенд објавен на оваа етикета, по Foolish Green.

Изданието е достапно за бесплатно преземање на www.exitmusic.rs.

Facebook event: facebook.com/events/380400465430703/