EXIT label ви подарува новогодишен пакет со Conquering Lion

EXIT label ви подарува новогодишен пакет со Conquering Lion

Со големо задоволство ви го претставуваме музичкиот новогодишен пакет, со новото издание на онлајн етикетата, REVELATION, третиот по ред албум на македонскиот реге состав CONQUERING LION. Изданието е достапно за бесплатно преземање на www.exitmusic.rs.

По настапите на сите поголеми фестивали во Македонија, но и регионот, вклучувајќи го и големиот INmusic во Хрватска, успешните синглови и објавувањето на новиот албум кој официјално беше промовиран во рамки на петнаесеттото издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, CONQUERING LION ја затвора 2013 со уште еден регионален успех. Токму најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав е изборот за новогодишното издание на престижната регионална онлајн EXIT етикета, со што CONQUERING LION стана вториот македонски бенд објавен на оваа етикета, по Foolish Green со албумот „Escape“.

Ви го претставуваме новиот албум на македонскиот состав Conquering Lion, Revelation. Третиот по ред студиски албум на овој бенд, објавен во ноември годинава, содржи десет песни кои претставуваат своевиден манифест против системот, но и сите нуспојави и алчности на модерното општество. На албумот е остварена соработка со јамајканскиот музичар Минот Доналд (Minott Donald), но и уметницата од Србија, Дарка Рајиќ, со осетлив премин од roots кон модерен реге звук. Оригинално објавен под етикетата на Password Production, албумот Revelations веќе е достапен и на EXIT етикетата.

На сајтот www.exitmusic.rs преземете го Revelation, музички еволуираното, свежо издание кое ќе ви донесе позитивни празнични вибрации за вашиот слух и дух.

Покрај CONQUERING LION, во новогодишниот пакет на EXIT етикетата е и откритието на еден од најзначајните музички продуценти денес, Марк Ронсон (Mark Ronson), 23-годишната бугарска уметница Рут Колева (Ruth Koleva), која стана препознатлива сила на бугарската музичка сцена, со озбилни претензии наскоро да го освои и интернационалниот пазар. Свиленкастиот, експресивен вокал, авторските текстови и интимната атмосфера на нејзините песни, ја направија Колева препознатлива во морето нови изведувачи на денешницата. Нејзината автентична и модерна интерпретација на соул влијанијата од артисти како Ерика Баду доведе до огромен успех на деби албумот од 2011. Within Whispers, но и новиот албум на Рут, Future Sweet од октомври годинава.

EXIT Label е онлајн етикета, настаната како одговор на новиот начин на дистрибуција на музиката, како и од потребата за поддршка и што подобра промоција на квалитетните артисти од овие простори. Онлајн издаваштвото на Exit фестивалот отвора можност за претставување на музичарите пред публиката ширум светот, им дава поддршка во настапите, медиумско претставување и градење имиџ на регионалниот и светскиот музички пазар. За време на петте години постоење, на EXIT етикетата објавени се над 50 изданија кои се достапни за бесплатни преземања на www.exitmusic.rs , додека вкупниот број на преземања на музичките изданија од овој сајт надмина милион.

ВЛЕЗНИЦИ ЗА EXIT

Следното лето е во знак на EXIT АВАНТУРАТА која нѐ води на EXIT, еден од најдобрите европски фестивали, од 10 до 13. Јули 2014 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и на SEA DANCE ФЕСТИВАЛ 0д 15 до 17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.

Сѐ до 14 јануари во продажба се влезниците по цена од 3.200 МКД, што е дури 60% попуст од регуларната цена, за четири дена EXIT ФЕСТИВАЛ на Петроварадинска тврдина. Но тоа не е сѐ! Оние кои ќе купат пакет влезница во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за сите седум дена од EXIT АВАНТУРАТА, односно целосно бесплатно добиваат влезница за три дена на SEA DANCE ФЕСТИВАЛ! Ни тоа не е сѐ! На членовите на EXIT Трајб, посетителите од претходните години, кои ќе ги купат влезниците до 14 јануари, EXIT им подарува и бесплатно сместување во фестивалскиот камп во Нови Сад.

Во тек е и специјалната „ТРАВЕЛ“ (TRAVEL) понуда:

ПРОМО EXIT ПАКЕТ (ВЛЕЗНИЦА + ПРЕВОЗ + КАМП) ЗА САМО 6.300 МКД

ПРОМО EXIT + SEA DANCE ПАКЕТ (ВЛЕЗНИЦА ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛА + ПРЕВОЗ ДО ДВАТА ФЕСТИВАЛА + КАМП НА EXIT) ЗА САМО 8.780 МКД

Влезниците се достапни во официјалното продажно место Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат), како и онлајн на www.mktickets.mk .