Дубиоза Колектив: еден од оние концерти во животот!

Дубиоза Колектив: еден од оние концерти во животот!

Дубиоза Колектив минатата саботата одржа спектакуларен концерт во Загреб, кој докажа дека ова е еден од најголемите бендови во регионот. 10.000 посетители беа дел од фештата која ја приреди бендот во преполниот „Дом спортова“ и спектакуларната атмосфера која уште долго ќе се раскажува, а по која сѐ уште не стивнува восхитувањето. По овој најголем самостоен концерт, Дубиоза Колектив продолжува со турнејата за албумот „Апсурдистан“, а додека ги чекаме новите возбудувања, еве дел од впечатоците кои ги забележа распродадениот концерт во Загреб.

Дубиоза Колектив: еден од оние концерти во животот! По два часа транс и заедничката фотографија, екипата од Дубиоза се поздрави и ѝ заблагодари на публиката. Одработија одличен концерт спојувајќи ја секоја индивидуална емоција во една силна колективна енергија која го потресе секој присутен. (http://www.reggae.hr/clanak.asp?id=3293)

Дубиоза Колектив и „официјално“ е во моментов најголемата концертна атракција. Синоќешниот концерт во големата сала на „Дом спортова“ го докажа тоа, не само по фактот дека недела дена порано беше целосно распродаден, туку и по делириумот кој владееше во салата за време на двочасовниот настап. (...) Дубиоза Колектив е пример за голем балкански пост-југословенски бенд кој не е само машинерија за забава. (http://www.ravnododna.com/dubioza-kolektiv-u-domu-sportova-vratio-se-walter/)

Босанскиот Клеш кој ќе го освои светот! Од перфектниот и брутално гласен разглас извираше лава на ска, панк, даб и други стилови на потегот од Босна до Јамајка. Дубиоза Колектив настапуваше по фестивалите во регионот и Европа и пред поголем број посетители, но распродадениот саботен концерт во загрепскиот „Дом спортова“ пред 10.000 луѓе, е нејзин најголем самостоен концерт. (...) Она што се виде и слушна ќе се прераскажува со години бидејќи Дубиоза Колектив (...) укажа дека во себе носи потенцијал за пробив во Европа каков што ниту еден состав од Балканот не поседува веќе со години. (http://www.jutarnji.hr/dragas-o-dubiozi-kolektiv-bosanski-clash-koji-ce-osvojiti-svijet/1135760/)

Дубиоза два часа ја држеше на нозе воодушевената загрепска публика! (http://hot.net.hr/glazba/dobra-gaza/fotovideo-dubioza-dva-sata-drzala-na-nogama-odusevljenu-zagrebacku-publiku )

Дубиоза колектив го растурија преполниот „Дом спортова“! Ако го пропуштивте овој концерт, следниот пат погрижете се на време да купите влезници. (http://metro-portal.hr/dubioza-kolektiv-rasturila-prepuni-dom-sportova/81290)

Шарениот артикл од БиХ го фрли Загреб во екстаза! (http://www.tportal.hr/showtime/glazba/295018/Sareni-artikl-iz-BiH-bacio-Zagreb-u-ekstazu.html)

И уште на:

http://www.novilist.hr/Scena/Glazba/Nakon-Zagreba-Dubioza-Kolektiv-stize-u-Rijeku
http://dnevnik.hr/showbuzz/clubzone/dubioza-kolektiv-rasprodala-dom-sportova-i-odusevila-zagreb---308786.html
http://www.soundguardian.com/content/view/28278/49/
http://www.muzika.hr/clanak/43672/izvjestaji/epidemija-kolektivne-dubioze-u-domu-sportova.aspx
http://www.vecernji.hr/scena/dubioza-je-napravila-festu-prozetu-protestom-satirom-clanak-633647
http://www.scena.ba/clanak/7677/foto-dubioza-kolektiv-odusevila-zagreb
http://www.klix.ba/magazin/muzika/zagreb-10-000-ljudi-na-festi-u-reziji-dubioza-kolektiva/131027042