Pаспродадени сите „earlybirds“ на Аква Парк Фест

Pаспродадени сите „earlybirds“ на Аква Парк Фест

Уште неколку дена нѐ делат од фуриозното фестивалско искуство на АКВА ПАРК ФЕСТ, за кој, како и што очекувавме според интересот кој го предизвика овој настан, распродадени се сите „earlybird“ влезници. Утре (понеделник, 20. мај) стартува и вториот контингент влезници кои ќе бидат достапни во претпродажба по втората промо цена од 500 денари за еднодневните и 800 денари за дводневните влезници. Сите оние кои допрва планираат да ги набават своите влезници за ова исклучително издание, ги известуваме дека оваа понуда ќе важи сѐ до одржувањето на фестивалот, 24 и 25 мај, кога билетите на влезот на АКВА ПАРК ФЕСТ ќе се продаваат со полна цена од 600 и 900 денари, соодветно на типот на влезници. За Аква Парк Фест посетителите можат да купат еднодневни или дводневни влезници, а сите тие воедно вклучуваат и бесплатно користење на Аква паркот и водените атракции за денот за кој ја купиле влезницата, како и бесплатен камп-простор на фестивалот.

Билетите во претпродажба можат да се купат во продажните салони на One низ Македонија, продажните салони на Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, ГТЦ – Скопје), но и онлајн преку овој линк на МКтикетс.

Не заборавајте дека за Аква Парк Фест организиран е и автобуски превоз на релација Скопје - Аква Парк Фест (Пробиштип) – Скопје, кој чини 450 денари. Поаѓањето на автобусите од Скопје за Пробиштип ќе биде во петок, 24 мај во 10:00 часот од С.Ц. „Борис Трајковски“, а враќањето во недела, 26 мај од 10:00 до 12:00 часот. Билетите за автобускиот превоз се достапни во продажните места на "Македонија сообраќај":

- на меѓуградска автобуска станица во Скопје - во туристичката агенција на "Македонија сообраќај"

- во ТЦ. Соравија

- дирекција позади Соборен храм „Св. Климент Охридски“.

На 24ти и 25ти мај, на просторот на Аква паркот во Пробиштип ве очекува првото издание на музичкиот фестивал АКВА ПАРК ФЕСТ, кој се одржува и како прво open-air издание на петнаесетгодишниот Таксират.

На АКВА ПАРК ФЕСТ посетителите ќе имаат можност да ги проследат своите омилени музички бендови, диџеи и неколку нови надежни демо бендови кои музичката слава допрва ги чека, можност да се забавуваат во природа и со различните водени атракции на Аква Паркот, да учествуваат во спортски активности... Од музичката програма веќе се потврдени настапите на PAUL VAN DYK, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, MARK KNIGHT, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, СУПЕРХИКС, ФОЛТИН, BERNAYS PROPAGANDA, S.A.R.S., Smut, Foolish Green, Conquering Lion, Сашко Костов & TWW, Iceberg & Lephonq, Flooder, Rootboy, Цобе&Стефано, New Sound Band, Ghetto Rudi, Branchez, No End, Прв Ред, Skullcrush, Skyrise и Anna O.

Со овој настан воедно ќе биде означен и стартот на новата сезона на првиот Аква Парк во Македонија, во чии различни водени атракции први годинава ќе имаат можност да уживаат посетителите на фестивалот. На целодневните журки на АКВА ПАРК ФЕСТ ве очекува најуникатното фестивалско искуство годинава со кое сензационално ќе го започнеме најдобро лето до сега.