Страјк на Таксират Фестивал #22

Страјк на Таксират Фестивал #22

Sim Simma!

Врвот на домашната хип-хоп сцена – Страјк, заедно со својата екипа, доаѓа на Таксират #22 да ни раскаже за луѓе и вредности зачувани во музејот на улични уметности!

По рекордно распродадениот прв соло концерт во 2018-та, Страјк повторно на сцената на Таксират Фестивал на 23-ти октомври!

Како еден од основачите на Легијата, Страјк со творење започнува уште во 1997-ма година. Заедно со Блажеј, во 2001-ва година, ја формираат групата СТР2 – кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Низ годините настапува како диџеј на Да Џака Накот, а активно соработува и со DJ Goce. Во својата кариера издава три соло албуми – “Кутија”, “Земен Рај” и најсвежиот, издаден во 2019-та година “Низ мојот живот”.

Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Билетите се достапни во продажба на https://taksirat.mk/bileti/ и во продажната мрежа на MkTickets.

Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

…Тие што знаат, знаат!