Архангел со концерт за отворање на Таксират #22

Архангел со концерт за отворање на Таксират #22

30 ГОДИНИ ЉУБОВ!

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – Архангел, ќе настапи на Таксират Фестивал #22

Првиот од низата концерти, со кој ќе го одбележиме 22-рото издание на Таксират Фестивал, ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”.

Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика. Групата во својата кариера издава четири албуми: Архангел 1 и 2, Heart Core и Небесна машина, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи. Во текот на годините, Архангел се здобива со бројни награди, меѓу кои награда за најдобар албум, најдобар концерт, песна на годината, најдобар текстописец, најдобар спот, како и награда за трајни музички вредности.

Билетите за концертот на Архангел се достапни во продажба!  Може да се набават онлајн на - https://bit.ly/3i2usW7 и во продажната мрежа на MkTickets. Иако салата е со капацитет за неколку илјади посетители, согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, капацитетот и билетите се строго ограничени на 1000 седишта.

Сите билети за концертот се исклучиво за седење, a капацитетот на просторот и билетите се ограничени.

Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Носењето на маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот настан.