July 28, 2024

Таксират и ЕXIT ја најавуваат новата платформа Creative Gate!

Таксират Фестивал и Exit Fondacija ја најавуваат новата платформа Creative Gate, наменета за зајакнување на културните и креативните индустрии во Западен Балкан. 🙌

Оваа иницијатива е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската Унија кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор и развивање на неговиот потенцијал за социо – економско влијание во овој регион. ✅

 

Од есен следуваат нови можности за соработка, промоција и вмрежување низ регионот, придружете ни се! 🔜