Password Production

Password Production

Кирил Џајковски го претставува новото ЕП, дел од новата фаза на македонскиот музички гениј, кое од денес е достапно за музичката јавност. Hell Of A Road е прво во серијата изданија што ќе биде заокружена со долго очекуваниот нов албум. Како што може да се претпостави, оригиналот на песната е добро избалансирана мешавина на традиција и современост, енергија и опуштеност, софистицираност и уличен стил. Hell Of A Road ја поседува магијата на концертните настапи на Џајковски, но звукот на бендот во живо е претставен во поцврста, „стегната“ варијанта, совршена за слушање во поинтимна клупска атмосфера. Вокалот на TK Wonder е само јаготка на шлагот која го заокружува хит потенцијалот на песната, притоа не одземајќи ништо од нејзината автентичност.

Новото ЕП, Џајковски го објавува под етикетата на „Филтер“ и се состои од вкупно пет ремикси. Ремиксите ја претставуваат песната во сосема поинакво светло и му ја даваат неопходната разновидност на изданието. Првиот човек на Филтер, Tripnotic, од Hell Of A Road направил клупски електро брејкс хит зачинет со (од него очекуваните) глич интервенции. Брејкбит ветераните Ways & Means ги надминаа нашите очекувања и ја однесоа песната во тотално техноиден андерграунд правец, не оставајќи од оригиналот ништо освен вокалот. И конечно, едни од најпопуларните британски брејкбит продуценти во моментов, Leuce Rhythms (номинирани во дури 7 категории на претстојните Breakspoll награди), го заокружуваат изданието со хипнотична верзија на песната која се развива постепено и кулминира во врвен комерцијален клупски хит.

Hell Of A Road од Djaikovski feat. TK Wonder излегува денес (25 февруари), а ќе се дистрибуира преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.

Корисни линкови:
Djaikovski на Soundcloud – http://www.soundcloud.com/djaikovski
Hell Of A Road на Soundcloud - https://soundcloud.com/filter/djaikovski-feat-tk-wonder-hell

Djaikovski feat. TK Wonder – Hell Of A Road
1. Hell Of A Road (Artist mix) - (4:25)
2. Hell Of A Road (Tripnotic remix) - (4:52)
3. Hell Of A Road (Ways & Means remix) - (6:05)
4. Hell Of A Road (Leuce Rhythms remix) - (6:09)
5. Hell Of A Road (Artist mix instrumental) - (4:26)

 

Monday, 25 February 2013 15:28

NADEAH

25.04.2013 Slovenia KINO ŠIŠKA - Ljubljana, Slovenia
26.04.2013 Croatian Tvornica Kulture - Zagreb, Croatia

Tuesday, 19 February 2013 15:06

PEPERMINT - AMA AKO

После Скопје и „Таксират позитивниот концерт“, хикси фештата продолжува кон нов концертен спектакл, кој овој пат ќе го преврти Белград. Култниот ска-панк бенд Суперхикс ќе биде дел од фестивалот „Белград колинг“ со концерт пред легендарниот калифорнискиот состав „Грин деј“ (Green Day), кој неодамна престижниот музички магазин „Ролнг стоун“ (Rolling Stone) го прогласи и за најдобар панк-рок бенд во светот на сите времиња.

Шестчлениот фуриозен состав Суперхикс, оди за Белград промовирајќи го и материјалот од новото студиско оставрување „Африка“ (достапен за бесплатно преземање преку www.mtvardria.com) за кое критичарите пишуваат само пофални зборови. Познати по енергичните и еуфорични настапи, за што пред два месеци посведочија повеќе од 5.000 фанови во преполната „Метрополис Арена“ на нивниот славенички концерт на „Таксират 14“, Суперхикс ќе бидат единствените македонски претставници на хепенингот наречен „Грин деј“.

Покрај Суперхикс, на отворањето на концертот на „Грин деј“ ќе настапат и нивните музички пријатели, еден од најпопуларните бендови во регионот Хладно Пиво и новосадските панк-рокери „Атеист рап“ (Atheist Rap). Тимот од култни ска и панк-рок регионални бендови настапува на 27ми мај 2013 година на големиот калемегдански парк, под Белградската тврдина, пред единствениот и премиерениот настап на групата „Грин деј“ во овој дел на светот кои на актуелната стадионска турнеја го промовираат трострукиот албум „¡Uno!, ¡Dos!, ¡Tré!“.

Monday, 11 February 2013 13:33

DJAIKOVSKI

17.03.2012 Spain-Flag-24 Festival Reperkusion - Galicia, Spain 
24.06.2012 Slovenia Lent Festival - Maribor, Slovenia
30.06.2012 Slovenia Rock Otocec - Novo Mesto, Slovenia
07.07.2012 France-Flag-24 Festival Au Foin De La Rue - St-Denis-de-Gastines, France
13.07.2012 Macedonia Pivofest - Prilep, Macedonia
14.07.2012 France-Flag-24 Festival Latino Rock - Cauterets, France
21.07.2012 France-Flag-24 Festival Les Vieilles Charrues - Carhaix, France
18.08.2012 Serbia Belgrade Beer Fest - Belgrade, Serbia
24.08.2012 Croatian Spancirfest - Varazdin, Croatia
13.10.2012 France-Flag-24 Festival Rocktambule - Grenoble, France
10.11.2012 France-Flag-24 Festival Les Z'Eclectiques - Cholet, France
14.11.2012 France-Flag-24 Girpsy Jazz Festival - Noumea, Nouvelle-Caledonie
08.12.2012 Macedonia Taksirat Festival - Skopje, Macedonia

 

Monday, 11 February 2013 12:33

Џајковски на Przystanek Woodstock

После незаборавната завршница на 2012 со настапот во Скопје на „Таксират 14“, кој публиката го оцени како еден од најдобрите настапи на Џајковски досега, тој ја продолжува 2013 во исто темпо, потврдувајќи ги гостувањата на најголемите европски музички настани. Кирил Џајковски годинава ќе настапи на убедливо најголемиот отворен фестивал во Европа, полскиот Вудсток фестивал (Przystanek Woodstock). Овој настап на еден од најзначајните композитори, продуценти и диџеи на балканската електросцена ќе се одржи на 4ти август, третиот ден од фестивалот кој привлекува повеќе од 750.000 посетители.

Со ваквиот капацитет, Вудсток фестивал е еден од најголемите фестивали во светот, кој има 18-годишна традиција и се одржува на локацијата на поранешната полско-германска граница, Костшин над Одра во Полска. Покрај тоа, овој фестивал се издвојува и по унукатниот организацискиот пристапи. Организатор на фестивалот е „Great Orchestra of Christmas Charity“, најголемата и најценетата хуманитарна фондација во Полска, чија мисија е да обезбеди високо-квалитетна медицинска опрема за детските болници во Полска. За таа цел оваа хуманитарна организација успева да обезбеди дури 10 милиони евра во еден ден!!! Вудсток фестивалот е целосно некомерцијален, а годинава кон фестивалското мото, организаторот ја додаде и борбата за подобрување на условите за леквање на старите и изнемоштени лица.

woodstock2

Покрај настапот на Вудсток фестивал, во рамките на турнејата 2013, на 13ти јули Кирил ќе настапи и на годинашното издание на Похода - најголемиот музички фестивал во Словачка. За овој фестивал пак, имавме можност да дознаеме повеќе и за време на учеството на директорот на фетсивалот Михал Касцак, на „ПИН“ музичката конференција во Скопје. Похода Фестивал годинава ќе се одржи од 11 до 13 јули, а покрај Џајковски, во музичката програма веќе се потврдени настапите на легендарните „Ник Кејв енд д бед сидс“ (Nick Cave & The Bad Seeds), „Смешинг пампкинс“ (Smashing pumpkins), „Џастис“ (Justice), „Кајзер Чифс“ (Kaiser Chiefs) и многу други.

Откако во декември 2012 го претставија новогодишниот сингл „Лајка“ (достапен за бесплатно превземање тука) како прв дел од новиот албум, Foolish Green на „јутјуб“ каналот го објавуваат и своето прво live видео за песната „Sun is Gone“. Непосредно пред објавувањето на првиот албум „ Escape“, Foolish Green премиерно ви го претставува и видео спотот за кои се искористени материјалите од нивниот одличен настап на „ПИН“ музичката конференција која се одржа во ноември 2012, во рамките на „Таксират 14. „Sun is Gone“ е песна која бендот ја објави на истоименуваното ЕП-издание, а ќе се најде и помеѓу 12те композии кои ќе ги претстави деби албумот „Escape“.

Овој млад алтернативен состав, кој се појави како неочекувано и пријатно изненадување на домашната сцена, својот прв лонг-плеј албум, кој е едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори, ќе го објави кон крајот на февруари. Групата ја најавува и концертната промоција на новиот албум, која ќе се одржи на 15ти март во МКЦ – Скопје.

Во меѓувреме, сите љубители на делото на Foolish Green... уживајте!

 

FOOLISH GREEN:
Ненад Стефановски (вокал, гитара, продукција)
Нико Гаврилов (гитара, металофон)
Давор Стојановски (гитара)
Стефан Пехчевски (клавијатури)
Теодор Бошков (бас гитара)
Стефан Дамјаноски (тапани)

 

Наскоро:
„ESCAPE“ - Foolish Green
Escape

Tuesday, 05 February 2013 13:13

Нов албум на ПЕПЕРМИНТ

„Пеперминт“ конечно ќе го промовира својот нов албум насловен „Ама Ако“. После успехот со синглот „Ако“ и активната година со повеќе остварувања и успеси, панк-рок составот веќе важи за најголемото освежување на домашната музичка сцена. Како наговестување за последното студиското остварување, „Пеперминт“ неодамна го објавија и новиот видео-спот за песната „Твоето Куче“.

Новиот албум „Ама Ако“, кој „Пеперминт“ го објавува за издавачката куќа „Пасворд Продакшн“ содржи 11 композиции и е надополнет со четири бонус песни.

Сите песни се снимени во „Пеперминт продукција“, а зад музиката, текстот и аранжманот се потпишува Горан Трифуновски – Пајак. Покрај Горан Трифуновски (вокал и гитара), во составот на „Пеперминт“ се: Златко Доневски – Боззо (тапани и вокали), Јане Тодоровски – Фанк (бас и вокали) и Ана Трифуновски (шејкери и вокали). Во реализацијата на ова студиско остварување како гости се појавуваат: Маријан Петровски, Кацар, Иван Душков, Игор Николовски – Гац, Сотир Ивановски – Тир, Весна Левајковиќ, Филип Вирановски.

Промоцијата на албумот „Ако“ ќе се одржи во среда, 13ти февруари, во кафе бар „Љубов“, со почеток во 19:00 часот. На задоволство на својата публика, за оваа промоција бендот подготвува и посебен акустичен сет.

„Пеперминт“ официјално постои шест години. Видеоспотот за нивниот втор сингл на англиски „Riding My Harley In The Rain“ изминатата година беше промовиран на „Ем-ти-ви Адрија“, регионалниот музички канал во чии рамки „Пеперминт“ учествуваше и во трката за најдобар бенд на балканот. Покрај тоа, 2012 помина и во знакот на нивниот хит сингл „Ако“ кој ги освои највисоките места на македонските музички топ листи. Нивните последни успеси се доволно наговестување за несомнениот квалитет на новото остварување на „Пеперминт“ кое пристигнува спакувано под насловот „Ама Ако“.

За Зад Аголот нема зима! На 8-ми јуни 2012 година се докажа дека оваа новосоздадена скопска рап екипа има квалитет и амбиции за големи достигнувања. Токму на таа дата се случи промоцијата на нивниот прв албум насловен “Чувај го Вистинко volu.1”, кој според слушателите на „Балкан Хип Хоп Радио“ го освои првото место на листата „Најдобар албум во 2012“.

Најдобриот македонски рап албум за 2012, сега специјално за нивните фанови по успешно распродадениот тираж, Зад Аголот го подарува за бесплатен download.

Концертот на минатогодишниот Пиволенд кој овој состав го одржа на stage-от на МОФ, привлече огромно внимание за што сведочат и околу илјадата фанови кои го проследија истиот.

Длабока Трага како дел од Зад Аголот, на 21-ви декември го промовираа нивниот прв албум “Никогаш Исто” кој беше одлично прифатен помеѓу нивните фанови и може да се набави во Југотон како и кај членовите на Длабока Трага. Албумот на Римиски Масив и микстејпот на Аце од Контра Напад се изданијата кои се веќе завршени и ќе ја дочекаат својата промоција во скоро време.

Работата на нови проекти веќе се одвива со полна пареа. Зад Аголот најавуваат нов сингл и видео запис во соработка со познатиот македонски блузер и гитарист Igi Man кој воедно ќе бидат и најава за нешто многу поголемо!

Откако во јуни изминатата година го објавија ЕП-изданието „Sun is Gone“, Foolish Green стана име кое ветува здрава свежина на домашната сцена и бенд со музичка зрелост која префинетата музичка јавност ја прифаќа со целосно одобрување. Потврда за нивната музичка заводливост беше и одличниот концерт во преполната сала на „Дом на АРМ“ за време на „ПИН“ музичката конференција во ноември 2012, а она што допрва следува од овој млад алтернативен состав е објавувањето на нивниот прв лонг-плеј албум, кој го очекуваме кон крајот на месец февруари.

Во декември 2012 бендот го претстави новогодишниот сингл „Лајка“ (достапен за бесплатно превземање тука) како прв дел од надоаѓачкиот албум насловен “Escape”.

Ова ќе биде првиот лонг-плеј албум на групата, но и едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори, на кој ќе бидат претставени вкупно 12 композиции. Деби албумот, кој ќе биде објавен за издавачката куќа „Пасворд Продакшн“, е снимен во домашно студио, со мастеринг на Дарко Спасовски – Пацки, додека зад музиката се потпишува Ненад Стефановски – Брус.

Како дел од подготовките за албумот, неодамна беа објавени и промо фотграфиите на бендот во изработка на фотографот Кристијан Теодоров, а по објавувањето на албумот „Escape“, Foolish Green најавуваат и концертна промоција.

Музиката и тимот на „Foolish Green“ израсна врз основа на интуитивно-спонтано-емпиристичкото внатрешно чувство проследено со акустични инструменти со неколку доверливи аналогни ефекти и еден недоверлив компјутер. „Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски (вокал, гитара, продукција), алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“... Од самиот почеток, кон креативната идеја „Escape“ во наплив се придружија и артистите кои примарно допринесоа со својот емпиристички пристап: Нико Гаврилов (гитара, металофон), Давор Стојановски (гитара), Стефан Пехчевски (клавијатури), Теодор Бошков (бас гитара) и Стефан Дамјаноски (тапани).

 

Page 78 of 78