Password Production

Password Production

Почитувани,

Моменталните безбедносни мерки за заштита од корона вирусот на јавни настани, дозволуваат присуство на само илјада посетители, а интересот и продадените билети за концертот на Андре Риу, закажан за 27-ми ноември 2020-та година, се значително поголеми. Поради наведените причини, заедно со тимот на Андре Риу, одлучивме дека правилниот чекор во овој момент, е годинашниот концерт да го презакажеме за 12.11.2021-ва година, со цел сите љубители на неговата музика да имаат можност да присуствуваат на ова прекрасно концертно искуство.

“Здраво, драги мои пријатели од Македонија! Јас и мојот оркестар со нетрпение го очекувавме враќањето во вашата прекрасна земја и големиот настап пред македонската публика. Но, безбедноста на големото “Андре Риу семејство“, составено од вас - мојата драга публика, целиот мој тим и музичарите, секогаш доаѓа на прво место! Ви благодариме за трпението и ве моламе да останете во добро здравје! Многу љубов од Мастрихт!” - вели Андре Риу.

Сите набавени билети остануваат валидни за новиот датум - 12.11.2021-ва година во СЦ “Борис Трајковски”. 

Билети и информации за концертот на: mktickets.mk и www.andrerieu.com

 

Sim Simma!

Врвот на домашната хип-хоп сцена – Страјк, заедно со својата екипа, доаѓа на Таксират #22 да ни раскаже за луѓе и вредности зачувани во музејот на улични уметности!

По рекордно распродадениот прв соло концерт во 2018-та, Страјк повторно на сцената на Таксират Фестивал на 23-ти октомври!

Како еден од основачите на Легијата, Страјк со творење започнува уште во 1997-ма година. Заедно со Блажеј, во 2001-ва година, ја формираат групата СТР2 – кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Низ годините настапува како диџеј на Да Џака Накот, а активно соработува и со DJ Goce. Во својата кариера издава три соло албуми – “Кутија”, “Земен Рај” и најсвежиот, издаден во 2019-та година “Низ мојот живот”.

Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Билетите се достапни во продажба на https://taksirat.mk/bileti/ и во продажната мрежа на MkTickets.

Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

…Тие што знаат, знаат!

30 ГОДИНИ ЉУБОВ!

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – Архангел, ќе настапи на Таксират Фестивал #22

Првиот од низата концерти, со кој ќе го одбележиме 22-рото издание на Таксират Фестивал, ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”.

Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика. Групата во својата кариера издава четири албуми: Архангел 1 и 2, Heart Core и Небесна машина, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи. Во текот на годините, Архангел се здобива со бројни награди, меѓу кои награда за најдобар албум, најдобар концерт, песна на годината, најдобар текстописец, најдобар спот, како и награда за трајни музички вредности.

Билетите за концертот на Архангел се достапни во продажба!  Може да се набават онлајн на - https://bit.ly/3i2usW7 и во продажната мрежа на MkTickets. Иако салата е со капацитет за неколку илјади посетители, согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, капацитетот и билетите се строго ограничени на 1000 седишта.

Сите билети за концертот се исклучиво за седење, a капацитетот на просторот и билетите се ограничени.

Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Носењето на маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот настан.

 

Во склоп на Таксират Фестивал, секоја година се одржува и другарскиот Лузер Фест, настан посветен на промоција на најсвежите и најнови имиња на домашната музичка сцена.

Годинава, освен што ни донесе многу предизвици, ни остави и доволно простор и слободно време за изразување на нашата креативност!

Се надеваме дека во текот на изминатите седум месеци се родија еден тон нови идеи, па ги повикуваме сите домашни, метал, рок, инди, поп, трап, рап, млади, стари, неоткриени таленти да се пријават за учество на фестивалот на нова авторска музика - Лузер Фест 2020.

Бендот кој ќе ги освои срцата на публиката и жирито, ќе има можност да ја спакува својата креативност во студиски албум, снимен во професионално музичко студио и издаден од страна на Пасворд Продукција. Освен тоа, бендот ќе има шанса за настап на најмалку три настани организирани од страна на Пасворд Продукција во 2021-ва година.

Правилата се следни:

За да се пријават на конкурсот, музичките изведувачи треба во електронски формат да достават:

- три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат)

- контакти

- фотографија и

- кратка биографија на бендот и членовите

* Пасворд Продукција ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани
* Аплицирањето е дозволено само за бендови со авторска музика кои досега немаат издадено студиски албум
* Пасворд Продукција има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални мрежи
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување

Подготвени?

Пријавете се ТУКА , најдоцна до 25-ти октомври 2020-та година! 

Tuesday, 11 August 2020 08:56

Д Фестивал 2020 & 2021

Единствената фестивалска авантура, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2 – 4 јули 2021-ва година!

ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ АРТИСТИ ЗА 2021-ВА ГОДИНА

Највозбудливото фестивалско доживување ќе ни го овозможат – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones – MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth – РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо – BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика – ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за големото, роденденско издание на Д Фестивал во 2021-ва!

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА РАН КОРМОРАН ЗА НАЈВЕРНАТА ПУБЛИКА

Со објавувањето на првите потврдени артисти, започнува и продажбата на најповолните билети за Д Фестивал 2021 – акцијата Ран Корморан. Билетите се достапни во продажната мрежа на MkTickets.

Актуелната промо цена на билетите изнесува:

800 денари (три дена без кампување)
850 денари (три дена со кампување)
*Двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма

Како и секоја година, најбрзите 100 онлајн купени билети стануваат потенцијални добитници на специјални подароци!

Наскоро нѐ очекуваат уште многу новости од програмата за 2021-ва, so stay tuned!

Friday, 31 July 2020 11:20

D Festival & Friends

Летната авантура Д Фестивал годинава се одржува на 22-ри август на главната бина во Дојран!

Ќе се дружиме со бендот кој го отвори првиот Д Фестивал - банда инструментале Superhiks, претставниците на независната музичка сцена во регионот Bernays Propaganda, гордоста на домашниот андерграунд хип-хоп LD Pistolero, предводниците на трап звукот Donplaya, Bon Praskiza, Princess Donatsu и за прв пат во Дојран, симпатиите на новата генерација Pluto's Doubts!

 

 

Прочитајте ги сите информации, често поставувани прашања, програмата за 2021, ковид мерки, билети, сцени, рефундации - се на едно место - https://bit.ly/3fjmCpJ

Почнувајќи од денес (31.7.2020) билетите се достапни во продажната мрежа на МkTickets - https://mktickets.mk/event/dfest10/

 

 

Thursday, 09 July 2020 11:46

D Festival 2020

Победниците на минатогодишниот Лузер Фест - Cut your nipple, завршија со снимање на својот прв студиски албум - The Jungle Book. Албумот се снимаше во Студио 1060 кај Дени Крстев, а наскоро ќе биде издаден од страна на Password Production.

Stay tuned!

CUT YOUR NIPPLE е тричлен бенд, формиран во 2018 година од страна на Марко Печеновиќ (бас гитара и вокал), Павел Кузмановски (гитара) и Теодор Јаневски (тапани).

Скопје беше еден од 12-те градови кои го одбележаа Европскиот ден на музиката (European Music Day) на 21 јуни 2020.

Поддржан од Европската програма "Креативна Европа", се одржа 10-часовен музички маратон, претставувајќи вистинско музичко патување низ Европа. Со свои концерти во манифестацијата се вклучија: Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.

Настапот на Фолтин може да го погледнете на следниот линк - https://www.youtube.com/watch?v=hE8FJz5URyM

Настанот е во покровителство на Градот Скопје, со техничка реализација на Младинскиот Културен Центар во Скопје, преку партнерството со Пасворд Продукција.

Скопје годинава ќе биде еден од 12-те градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European Music Day), при што ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Во 1982 година на 21 јуни - денот на летниот солстициј - преку иницијативата на тогашниот француски Министер за Култура, Џек Ланг, за прв пат се прослави и востанови Денот на музиката, односно Празникот на музиката ("Fête de la Musique") со цел да се "изнесат на улиците сите музичари". Наредната година, дури 200.000 музичари се собираат и ги преплавуваат улиците со најразлични жанрови на музика, настапувајќи до раните утрински часови во знакот на прославата на овој европски ден. Овој настан е целосно бесплатен и овозможен од големиот број на донатори и поддржувачи на уметноста и културата. Наскоро, Празникот на музиката станува дел од концептот на Европската Визија, и заминува, преку границите на Франција, ширум Европа, соединувајќи ги артистите, организаторите на настани и културните институции во првата Асоцијација на Мрежата на Европскиот Музички Ден.

Бидејќи музиката секогаш наоѓа начин да ги инспирира луѓето и да им даде сила да продолжат и да преземат нови предизвици, годинава Денот на музиката ќе се оддржи виртуелно, соединувајќи 12 Европски градови, меѓу кои за прв пат се најде и Скопје.

Поддржан од Европската програма "Креативна Европа", настанот ќе се одржи на 21 јуни (недела) и ќе биде 10-часовен музички маратон, претставувајќи вистинско музичко патување низ Европа. Со свои концерти во манифестацијата се вклучуваат и градовите: Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага. Сите музички настани ќе бидат емитувани низ светот преку дигиталните канали и профили на Асоцијацијата на Мрежата на Европскиот Музички Ден. Нашиот претставник за овој настан е музичката група Фолтин, кои преку својата долгогодишна работа се докажуваат како едни од најквалитетните и најоригинални артисти на нашето поднебје. Нивниот настап е закажан за 20:00 часот.

Настанот е во покровителство на Градот Скопје, со техничка реализација на Младинскиот Културен Центар во Скопје, преку партнерството со Пасворд Продукција.

Ова е уште една голема меѓународна културна манифестација во која Град Скопје зема учество, што претставува уште еден доказ за заложбите Скопје да прерасне во европски модерен град, каде што позитивните културни вредности ќе се негуваат и задржат на високо ниво.