Утре во 21 часот во клубот Хавана настапува тетовскиот бенд HIGH CONTROL кој ќе го промовира својот нов албум Report. Поминувајќи го патот од мала рокенрол атракција од Тетово до респектирана балканска рок појава High Control со својот втор албум одат ниво погоре во својата, секогаш впечатлива музичка импресија.
По "How high" ви нудиме уште една песна од нивниот Report албум – "Are you blind".
High Control ќе имаат своја презентација и на музичкиот канал MTV.
Бендот ќе настапи во состав: Роберт Матовски, Ирог Мариниќ, Гоце Симоноски и Јосип Сензел. Концертна поддршка на концертот ќе бидат Whatever.
Влезницата за концертот чини 200 денари, а вклучува и це-де примерок од албумот