Скопскиот бенд Blla Blla Blla... е подготвен за скопската промоција на нивниот, долгоочекуван нов албум. Маратонското снимање во домашното студио на бендот вредеше за исчекувањето на албумот Lamtumirë. Новата колекција песни на Идриз Амети и пријателите беше најавена со сингловите и спотовите за песните "E keqja keq më la" и Kujt i bije.
По промоцијата во Приштина на 17-ти февруари, Blla Blla Blla... се претставуваат пред скопската публика на 25-ти март (петок) во клубот Хавана со почеток во 21 часот.
Бла Бла Бла се оформени како бенд уште во 1988. На самите почетоци свиреле во клубови во Скопје и Приштина. Еден од најзабележителните настапи во нивната кариера е учеството на Нови Рок Фестивалот во 1990. По првите сериозни чекори и мирниот период по нив, бендот се реоформи во 1993та, експериментирајќи со различни музички стилови. Во 1998 бендот направи голема трансформација и вметна нов музички стил, препознатлив за нив под името Oversky Balkanishe Reform. 1999 излегува нивниот прв албум едноставно насловен како Бла Бла Бла..., издаден од Bagi Music. По овој албум , бендот доживеа успеџ на фестивали како Break-21 – Ljubljana, Slovenia, caravan-festival "No Borders" vo nekolku gradovi vo Macedonia, Nights of Jazz – Tirana, BBC pace and Pop Festival, Tirana, Crossing Bridges, Peja, и тн. Во 2005та за Литиум Рекордс, го објавуваат својот втор албум, наречен "Oversky balkanishe Reform". Lamtumirë е нивно трето долгосвиречко издание.
Влезницата за концертната промоција на Blla Blla Blla... е симболични 250 денари, а со влезницата фановите добиваат и це-де примерок од новиот албум.
Lamtumirë е заедничко издание на Password Production и SURF.