Конечно! Денес Хладно Пиво ви ја претставува својата нова песна Езотерија, воедно и прв сингл од новиот албум.
За песната Езотерија бендот вели:
"Што да се каже... Ја избравме песната Езотерија за прв сингл, иако е најдолга песна и со самото тоа нерадиофонична, бидејќи мислиме дека таа го содржи заедничкиот именител на албумот – правото на секој да биде поинаков".
Песната Езотерија е вовед во албумот "U svetu glamura" кој го очекуваме на 16-ти април.
"Што се однесува до албумот, мислам дека тоа ќе биде наш најшарен албум, уште од "Pobjeda". Задоволни сме и ја очекуваме реакцијата на публиката која, верувам ќе биде бурна откако ќе ги слушне одговорите на сите прашања кои ја мачат нацијата: кој кому му го сместува во светот на гламурот...