По 18-месечната авантура во домашното студио бендот HIGH CONTROL конечно ќе го промовира својот нов албум Report во клубот Хавана во Скопје. Поминувајќи го патот од мала рокенрол атракција од Тетово до респектирана балканска рок појава High Control со својот втор албум одат ниво погоре во својата, секогаш впечатлива музичка импресија. Првата песна од албумот е "How high". На албумот гостуваат Суперхикс, како и диџеј Славе.
Првиот официјален деби настап на High Control беше на Winner Fest во 2008-та година, каде истиот се пласираше во финалето во конкуренција од 60 бенда и натапуваше во три града заедно со останатите 8 финалисти. Следното паташествие од натпреварувачки карактер на бендот беше со учеството на Total Dem-O Fest каде бендот е прогласен од страна на жирито за најдобар бенд на фестивалот. Како награда добиваат издавање на нивниот деби албум "In Every Way" кој доживува и своја концертна промоција во Castro Club на 17.04.2009! Како признание на нивната квалитетна работа, настапија на јубилејниот 10-ти на дебитантската сцена на Exit Festival, во Нови Сад, а подоцна со многу настапи низ клубови и фестивали низ Македонија.
Роберт Матовски, Игор Мариниќ, Гоце Симоноски и Јосип Сензел ќе го промовираат албумот на 18ти март (петок) во клубот Хавана со почеток во 21 часот. Концертна поддршка на концертот ќе бидат Whatever. Влезницата за концертот ќе чини 200 денари (со це-де примерок од албумот Рипорт).