Холандскиот транс диџеј FERRY CORSTEN, во моментов еден од ТОП 10 светските транс диџеи доаѓа во Скопје. Фери Корстен во последниве пет години е постојано во изборот за најдобар светски транс диџеј.
Во 2009. година на својата Top 100 DJ Poll листа DJ Magazine го пласира Корстен на феноманалната седма позиција. Настапува на сите големи светски фестивали како водечко име на денс арените и пред 100.000 луѓе. Фери Корстен има статус на оригинален транс диџеј со раскошен стилски настап во живо. Неколку светски диџеи побудуваат вистински интерес за живите настапи. Од тие неколку, малкумина го достигнале нивото на Корстен. Продуцент е на радио емисијата Corsten's Countdown. Добитник е наградата Best Trance DJ во 2008 и 2010 година.
Во Скопје доаѓа на барање на неговите фанови кои, поради временските неприлики во Европа во декември 2010 не успеа да настапи како дел од Таксират фестивалот.
Ветувањето го исполнува сега, на 19ти март (сабота) во клубот Колосеум, со почеток во 23 часот.
Влезниците се веќе во претпродажба во Југотон, Venezia, Bastion, Fluid, Happy, Red Caffe, Чакра и Круг Аеродром по цена од 350 денари (450 денари на врата). Специјална понуда за влезница од 600 денари (со вклучен пијалок од 600 денари).