CUT YOUR NIPPLE ГО ПРОМОВИРААТ ПРВИОТ СИНГЛ ОД ДЕБИ АЛБУМОТ “THE JUNGLE BOOK”

CUT YOUR NIPPLE ГО ПРОМОВИРААТ ПРВИОТ СИНГЛ ОД ДЕБИ АЛБУМОТ “THE JUNGLE BOOK”

Победниците на Лузер Фест 2019, Cut Your Nipple, денес го промовираат својот прв сингл “What we stand for” од деби албумот “The Jungle Book”

Повеќе од една декада, Лузер Фест е единствениот настан посветен на промоција на најмладите, демо артисти и музички изведувачи од сите жанрови на домашната сцена.  

Најдругарскиот настан во склоп на Таксират Фестивал, секоја година ја насочува својата енергија да им помогне на младите и талентирани изведувачи да ја изградат својата музичка кариера. 

Победниците на Лузер Фест 2019, Cut Your Nipple се “Phunk” (панк, фанк, алтернативен, рок) бенд од Тетово, основан во 2018 година од страна на Марко Печеновиќ (бас и вокал), Павел Кузманоски (гитари) и Теодор Јаневски (тапани). 

По победата на Лузер Фест, настапот на Д Фестивал и ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, на почетокот на 2020-та, го снимија својот деби албум - The Jungle Book” во студио 1060. Албумот ќе биде издаден од страна на Пасворд Продакшн и на 4-ти март ќе биде достапен на сите дигитални платформи.  

“The Jungle Book” е прво албумско дигитално издание овозможено од соработката на Пасворд Продакшн со Believe Digital, кои се водечки дигитални дистрибутери за независни изведувачи и продукциски куќи. Албумот ќе биде дел од поголем каталог на домашни, квалитетни музички изведувачи.

Првиот сингл на Cut Your Nipple, насловен “What We Stand For” е достапен на сите дигитални платформи