HEMI Music Awards - Oтворен повик за музички изведувачи

HEMI Music Awards - Oтворен повик за музички изведувачи

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) - европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Биди дел од годишната програма за музички таленти со која можеш да добиеш персонализирана поддршка од страна на професионалци од меѓународната музичка индустрија, заедно со активности за вмрежување и турнеи кои ќе ти помогнат да ги пробиеш границите на Македонија и можност да освоиш нова публика на 10-те водечки музички конференции и фестивали низ цела Европа.

Изборот ќе го врши меѓународно жири составено од 27 експерти, вклучувајќи организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и клубови, и музички новинари. Избраните таленти ќе бидат промовирани од страна на 18 медиумски партнери од 9-те земји кои го сочинуваат HEMI.

HEMI MUSIC AWARDS 2021 се состои од програмски пакети кои содржат бројни активности составени од едукација и практичен дел, а вклучуваат персонализирани консултации, експорт пакети, вмрежување со професионалци од европската музичка индустрија, поддршка при промоција и организација на турнеја.

Апликантите мора да бидат бендови или соло артисти (постари од 18 години), кои живеат во една од земјите кои го сочинуваат HEMI. Крајниот рок за аплицирање е среда, 23-ти декември 2020 година до 23:59 часот. Аплицирањето е бесплатно и отворено за секој музички жанр. Сè што е потребно е да се пополни апликацијата - https://hemimusichub.com/awards/

ШТО Е HEMI?

Центарот за размена на музички иновации (HEMI) е иницијатива на 10 музички организации од Централна и Југоисточна Европа (CSEE), кофинансирана од програмата Креативна Европа на Европската Унија и е со времетраење од 4 години (2020-23).

Партнерството вклучува јавни и приватни организации, здруженија, организатори на фестивали и конференции, музички експорт бироа и училиште за музички бизнис. Визијата на HEMI е да создаде одржлив „Музички центар“, чија цел е развој на иновативни деловни модели, ко-продукција и ко-промоција на нови настани/производи, создавање на инкубатор за музички професионалци и поддршка на уметници за задоволување на тековните потреби на пазарот.

Дознајте повеќе за HEMI: https://hemimusichub.com/

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ:
ANTENNA 5 RADIO NETWORK (MK) | ANTYRADIO (PL) | AVPOPOLIS.GR (GR) | BALKANROCK (RS) | FRONTMAN (CZ) | INFOMUSIC (RO) | LIFO (GR) | MUSIC SERVER (CZ) | ODZVEN WEB MUSIC MAGAZINE (SI) | |RAADIO 2 (EE) | RADIO GUERRILLA (RO) | RADIO MOF (MK) | RADIO TERMINAL (SI)

ПАРТНЕРСКИ НАСТАНИ НА ХЕМИ:
ATHENS MUSIC WEEK (GR) | BUSH (HU) | CEEntral PARTY (CZ) | EXIT FESTIVAL (RS) | MASTERING THE MUSIC BUSINESS (RO)| MENT LJUBLJANA (SI) | PIN MUSIC CONFERENCE (MK) | TAK BRZMI MIASTO (PL) | TALLINN MUSIC WEEK (EE) | WIANKI FESTIVAL (PL)


За повеќе информации во врска со HEMI музичките награди, обратете се на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.