Password Production

Password Production

Monday, 18 March 2019 13:35

NOISIA

13.07.2019 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Monday, 18 March 2019 13:33

Ofenbach

12.07.2019 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Monday, 18 March 2019 13:32

André Rieu

06.06.2019 Macedonia VIP Arena Boris Trajkovski, Skopje, MK

 

 

Monday, 18 March 2019 12:55

Dubioza Kolektiv

10.01.2019 Czech Knockout Snow Festival, Veysonnaz, CH
11.01.2019 Czech Werkk Kulturlokal Baden, Baden, CH
24.01.2019 France-Flag-24 Salle Des Fêtes Du Grand Parc, Bordeaux, FR
25.01.2019 France-Flag-24 La Cigale, Paris, FR
26.01.2019 France-Flag-24 Le Moloco, Audincourt, FR
16.02.2019 Chile Womad, Santiago, CL
03.05.2019 Spain-Flag-24 Extremusika Festival, Cáceres, ES
04.05.2019 Spain-Flag-24 Viña Rock, Villarrobledo, ES
29.06.2019 russiaaaa Wild Mint Festival, Moscow, RU
04.07.2019 Romania Double Rise Festival, Rimeta, RO
06.07.2019 Norway Bygdalarm, Norheimsund, NO
13.07.2019 Bosnian OK Fest, Tjentiste, BiH
14.07.2019 Czech Mighty Sounds, Tábor, CZ
25.07.2019 Spain-Flag-24 Festival Cabo de Plata, Barbate, ES
26.07.2019 Spain-Flag-24 Iboga Summer Festival, Tavernes De La Validigna, ES
10.08.2019 Croatian Arena, Pula, HR
15.08.2019 Spain-Flag-24  Rabolagartija Festival, Villena, ES
04.10.2019 Spain-Flag-24 Madrid Salvaje, Madrid, ES
29.11.2019 Bulgaria Arena Armeec Sofia, Sofia, BG
Monday, 18 March 2019 12:49

SARS

18.01.2019 Netherlands Blue Collar Hotel, Eindhoven, NL
19.01.2019 Netherlands Zonnehuis Amsterdam, Amsterdam, NL
02.03.2019 Germany Huiras Club, Munich, DE
08.03.2019 Croatian Boogaloo, Zagreb, HR
09.03.2019 Croatian Boogaloo, Zagreb, HR
30.03.2019 Croatian Čehaj Fest, Nedelišće, HR
30.04.2019 Slovenia Kres Kisovec, Zagorje Ob Savi, SI
18.05.2019 Slovenia Teden Mladih, Krankj, SI
05.07.2019 Slovenia Radenska Noč, Radenci, SI

OFENBACH, NAPALM DEATH, VOJKO V и СТРАЈК пристигнуваат на Д ФЕСТИВАЛ!

Д ФЕСТИВАЛ кој ова лето ќе се одржува од 12-ти до 14-ти јули во Дојран, може да се пофали со армија фанови кои ја препознаваат неговата вредност и уникатност, па на повеќе од четири месеци до одржувањето, стигнува и потврдата за тоа со веста дека порано од било кога досега, веќе е распродаден првиот контингент влезници. Причина повеќе за огромниот интерес секако е и првиот бран на изведувачи кој претставува актуелни музички имиња од сите страни на светот и тоа во најголем дел со премиерни настапи во Македонија! Во таа листа, покрај веќе најавениот настап на холандската музичка сензација и трикратни сопственици на „Битпорт Мјузик“ наградите, NOISIA (Ноизиа), своите настапи на главната бина ги потврдија уште и најпопуларните нови ѕвезди на француската електронска сцена OFENABCH (Офенбах), бендот кој ги постави темелите на грајндкор сцената NAPALM DEATH (Напалм Дет), во моментов најбараниот изведувач во регионот, сплитскиот рапер ВОЈКО В и гордоста на македонскиот андерграунд хип-хоп СТРАЈК!

За големото отворање на Д ФЕСТИВАЛ ова лето, во петок, 12-ти јули главната бина е резервирана за парискиот музички феномен OFENBACH, најактуелните ѕвезди на денс-поп сцената! На првата фестивалска вечер хитмејкерите зад „Be Mine“, „Katchi“ и „Paradise“, за прв пат пред македонската публика ќе настапат со своите енергични траки кои се необичен спој на чил-електро и инструментални делници извлечени од нивната љубов за рокенрол и блуз музиката. Тандемот составен од Дориан Ло и Сезар де Румел, развивајќи го иницијалниот моментум, во 2016-та ја објавија „Be Mine“ - хитот кој ги лансираше кај интернационалната денс поп публика и со кој ги освоија топ листите ширум светот. Набргу потоа престижниот „Диџеј Маг“ ги прогласи за Најдобар нов талент од Франција, а беа дел и од плејлистата на Најдобри нови таленти на „Спотифај“ за 2017-та година. Ofenbach денес можат да се пофалат со повеќе од 250 милиони прегледувања на „Јутјуб“ и мулти-платинести синглови, а нивниот серијал со миксови, „Monthly Delights“, на „Саундклауд“ привлече култно почитување за нивните внимателно составени плејлисти од нови траки, ремикси и стари омилени хитови.

Истата вечер, на главната бина ќе одекне и врвниот хип-хоп претставен од двајца подеднакво значајни уметници, но претставувајќи комплетно различни стилови на овој музички израз. Од регионот тоа е ВОЈКО В (познат и како Војко Вруќина), сплитски рапер и продуцент познат по својата работа во бендовите „Дјечаци“ и „Киша Метака“. Во 2018-та тој одлучи да заплови во соло водите и оствари рекорден успех, веднаш распродавајќи го настапот во Домот на спортови во рамки на промоцијата на деби-албумот, „Војко“. Дека неговото враќање на соло кариерата е одлична одлука, покажа тоа што неговиот прв сингл „Зови човика“, е прегледан речиси 3 милиони пати. Неговата кариера буквално експлодираше и за помалку од една година стана еден од најраспродаваните артисти во регионот. Лани го „сруши интернетот“ со објавувањето на „Паста Италијана“, „Не може“, „Како то“ и стана моментално најбараниот изведувач во регионот. Годинава е номиниран за дури шест Порин награди меѓу кои и Албум на годината и Песна на годината.

Од подземјето на македонскиот хип-хоп на главната бина на Д Фестивал пристигнува и СТРАЈК, изведувачот за кој не треба посебно објаснување бидејќи неговото дело говори повеќе од доволно! Кариерата ја започнува во 1997-ма, како еден од основачите на Легијата и еден од првите артисти што соработуваа со „Шурикен Рекордс“, каде се појавува на првото издание – „SK Street Beatz“. Во 2001-ва заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност“ – и го објавуваат албумот „Не Заборавај“. Потоа ги остварува и првите настапи како диџеј на Да Џака Накот, со што покрај графитите и рапувањето ја опфаќа и третата гранка на хип-хопот – диџејството, а следува и активната соработка со DJ Гоце (С.А.Ф) со кој соработува и на своите два солистички албуми - „Кутија“ и „Земен Рај“. Иако веќе со години ужива култен статус меѓу познавачите на македонскиот андерграунд хип-хоп, својот прв самостоен и веднаш распродаден концерт го одржа дури лани во декември во рамки на Таксират Фестивал. Настапот на Д Фестивал ќе биде неговиот единствен за ова лето.

Последната вечер, недела, 14-ти јули на Д Фестивал доаѓаат и NAPALM DEATH – пионерите на грајндкор сцената со речиси четириесет години кариера. Нивното долготрајно влијание во светот на соничното дивјаштво започна во 80-тите, кога првите два албуми на бендот – „Scum“ и „From Enslavement to Obliteration“ го подобрија и редефинираа значењето на бруталноста и брзината во светот на панкот, хардкорот и металот. Napalm Death беа – и сè уште се – водени од жестока интелигенција и искрена желба да го направат светот подобар, преку промоција на рационална мисла и почит за сите луѓе, а нивните неуморни потфати на музичката сцена го зацементираа статусот на Napalm Death како екстремни музички легенди. Во последните 20 години, бендот објави поголем број на револуционерни и бестрашни албуми и други изданија кои „постојано прават дупки со тупаници во оградата на хеви музиката“, фалејќи се со неуништиво кредо на креативност и лиричен оган по патот.

 

ЗАПОЧНА втората, промо-етапа во РАН КОРМОРАН акцијата!
Првиот контингент влезници од Ран Корморан акцијата на Д Фестивал се веќе целосно распродадени и тоа забележувајќи го досега најголемиот интерес за Фестивалот! Во моментов актулена е втората етапа од оваа акција со новата ПРОМО-ЦЕНА за тридневните билети од 800 денари (без кампување) и 850 денари (со кампување), а која ќе важи само за органичен број на влезници достапни во продажба на сите благајни на МкТикетс и онлајн.

Холандската музичка сензација и трикратни сопственици на „Битпорт Мјузик“ наградите, NOISIA (Ноизиа) тукушто го потврдија својот настап за годинашното издание на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран, каде што славното d’n’b трио во сабота, 13-ти јули ќе ја предводи програмата на главната бина на Фестивалот! Оригиналното, емоционално и технички опсесивно совршено трио кое доаѓа од Гронинген, повеќе од десет години е едно од најактуелните на светската сцена, a ова лето, со нивниот диџејски сет на Д Фестивал, прогресивниот и секогаш препознатлив bass звук конечно пристигнува пред македонската публика!


Видео: Noisia - Tommy's Theme

Здружени од заедничката страст за прогресивност, техничка иновативност и безмилосна контрола на квалитетот, Nik Roos, Martijn van Sonderen и Thijs de Vlieger, за само две години од објавувањето на нивните деби изданија во 2003-та, веќе се појавија на некои од најпрогресивните drum & bass етикети: Moving Shadow, Subtitles, Renegade Hardware, Shogun, Ram и многу други. Но дури и тогаш немаа претстава до која мера ќе се издигне успехот на нивната соработка, иако несомнено дека пред сите големи достигнувања секогаш постои визија. Па така, неслучајно дојде и до основањето на нивната сопствена етикета VISION од која излегоа големите хитови како „Stigma“,„The Tide“, „Dustup“ и „Exodus“ додека истовремено триото почна да прави ремикси за најголемите имиња на сцената како што се Pendulum, Moby, The Prodigy, Mark Knight и Amon Tobin, а нивната музика ја објавуваат великани од калибарот на Jay Z и Skrillex.

Иако веќе долго присутни, својот прв и целосно авторски албум го објавуваат во 2010-та година. „Split the Atom“ настана како кулминација за седумте години студиски егзибиции, а светските хедлајнери започнаа немилосрдно да го „вртат“ ова издание, додека пак deadmau5 веднаш го објави во посебно реиздание на сопствената етикета mau5trap.

И веќе тогаш се чини дека целиот свет го насочи вниманието кон холандското трио бидејќи тие денеска се воедно и трикратни победници за најдобар drum & bass изведувач на Beatport музичките награди, а својата музичка вештина започнаа да ја ангажираат и во други жанрови. Напишаа три песни за албумот на Korn, „The Path of Totality“, како и музичката позадина за видео-игрите како Devil May Cry 5, Wipeout 2048, Gran Turismo, Ridge Racer и SSX Snowboarding, но и музиката за филмот Transfromers 3.

Во 2016-та година се појави веројатно најсуштественото нивно достигнување досега, насловено „Outer Edges“: нивниот втор албум и перформативен концепт кој е толку визуелно издигнат, технички иновативен и уникатен што со леснотија подеднакво владее на фестивалските главни бини и во андерграунд клубовите.
И не застануваат тука. Веќе надминуваат нови граници и во студиската работа и на сцена, само со цел да се откријат следните предизвици во далечината на нивната визија. Бескомпромисното истражување продолжува, а овој јули со диџејскиот сет на Noisia на Д Фестивал, врвниот bass звук од прогресивната светска сцена пристигнува за прв пат кај нас. Добро упатените во „драм’енд’бејс“ журките на Фестивалот веќе знаат кој е краткиот заклучок: време е да ја подобрите кондицијата.

Најповолните билети се веќе достапни во РАН КОРМОРАН акцијата!
Д ФЕСТИВАЛ оваа година ќе се одржува од 12-ти до 14-ти јули во Дојран, а првите билети со најповолната цена за единствената тридневна фестивалска авантура во Македонија, веќе се во продажба на сите благајни на МкТикетс и онлајн. Во оваа продажна етапa, достапни се фестивалските билети кои важат за целосната тридневна програма на Д Фестивал, а кои чинат 600 денари (без кампување) и 650 денари (со кампување).

На 6-ти јуни 2019-та, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. Во организација на Пасворд Продакшн, на 6-ти јуни 2019-та Андре Риу ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година.

Билетите за овој екслклузивен настан кај нас ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ 2019-та од 10:00 на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com

"Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот,“ вели Андре Риу. „Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех.“

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и неговите годишни open air концерти во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Андре Риу повеќе од 40 години е среќно оженет и живее со неговата сопруга Марџори во романтичен замок од 1452-ра година во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. Тие имаат два сина и пет внуци.

Андре Риу и неговиот Јохан Штраус Оркестар годинава доаѓаат во Скопје.
Уживајте во фантастичниот спој на валцер, филмска музика, мјузикли, опера и хитови. Најдобрите влезници, публиката ќе може да ги набави од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ 2019-та од 10:00 часот за премиерна, незаборавна вечер и доживување со Андре Риу – ВО ЖИВО во Македонија!

Повеќе информации и билетите почнувајќи со цена од 3050 денари на www.mktickets.mk и www.andrerieu.com

Tuesday, 18 December 2018 10:31

S.A.F. Sound System

08.12.2018 Macedonia Taksirat Festival, Skopje, MK
Tuesday, 18 December 2018 10:12

Rahzel & the x-ecutioners

08.12.2018 Macedonia Taksirat Festival, Skopje, MK