ТАКСИРАТ Фестивал годинава го одбележува своето јубилејно 20-то издание, а прославата за 20 години алтернатива во Македонија стигнува и во рамки на претстојното издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ кој ќе се одржува во МКЦ од 3-ти до 6-ти мај. Како резултат на оваа соработка на „Таксират“ и „Тиииит! Инк“, во Скопје ја пречекуваме американската пејачка со светско реноме, феноменалната АКУА НАРУ. На концертот за затворање на „Прво Па Женско“, на 6-ти мај (недела) во МКЦ, за прв пат кај нас, македонската публика ќе има прилика да ја чуе во живо една од водечките женски хип-хоп вокали.

Нејзината музика претставува комбинација на хип хоп, џез и соул. Себе си се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Нејзиниот звук го споредуваат со flow-то на Раким, поетиката на Лорин Хил и, конечно, во единствената моќ да говори во име на афро-американките, со Нина Симон. Акуа храбро јо комбинира „новата“ и „старата“ школа, бранејќи ги своите ставови со уникатни метафори.

И додека светската сцена го очекува објавувањето на нејзиниот нов албум „The Blackest Joy“ закажано за 27-ми април, во рамки на истоимената европска турнеја, вистинска привилегија е извонредната АКУА НАРУ да ја пречекаме и во Скопје, на 6-ти мај во рамки на „Прво па женско“.

Билетите во претпродажба ќе бидат пуштени во среда, 18-ти април кога ќе бидат објавени и сите дополнителни информации.

Акуа Нару зад себе има три албуми, „The Journey Aflame“, „Live and Aflame Sessions“, „The Miner’s Canary“, како и ширум светот познатите хитови „Poetry: How Does It Feel?“ и „The world is listening“. Со објавувањето на деби-албумот „...The Journey Aflame“, Нару се позиционираше на музичката сцена како пример на тоа што жените можат да бидат во хип-хоп музиката. За овој албум пишуваа многумина познати хип-хоп критичари, од Њујорк до Москва. Синглот „The World Is Listening“, продуциран заедно со JR & PH7, набрзо се најде на првото место на листата на американското колеџ радио, се вртеше по радио станиците во Франција и Германија и се продаваше по продавниците за плочи од Париз до Токио... дефинитивно светот го слушаше „...The Journey Aflame“. Со продукција на која се потпишаа некои од најважните имиња на германскиот хип-хоп, како продукциската куќа TheDrumkidz, JR & PH7, 7inch и други, албумот го заслужи своето место во хип-хоп историјата, а Нару покажа дека нејзиниот пат не само што се вивна во врвовите, туку допрва блеснува во сиот свој сјај.

Со својот препознатлив бум бап хип-хоп звук, општествено разбудените рими и џез-соул елементи, Нару го привлече вниманието и доби многу охрабрувачки критики. Во својата кариера има настапувано со Тони Ален, тапанарот на Фела Кути, хип хоп групата „The Lords of The Underground“, со Вакс Тејлор, Анџелик Киџо, „Questlove” од „Д Рутс“ (The Roots) и т.н. Ја споредуваат со хип-хоп ерата од 90-тите, нејзиниот музички и поетски талент високо го ценат еминентни хип-хоп критичари, а нејзините настапи во живо се жестоки и незаборавни. Настапува придружувана од бендот „Д Дигфло“ (The DIGFLO), ансамбл со шест членови на удиралки, клавијатури, саксофон/флејта, бас, гитара и миксер. Акуа Нару и нејзиниот бенд навистина ја заробуваат, ја инспирираат и покренуваат публиката. Јасно е, музиката и настапот на Акуа Нару се тестамент за наследството на соул музиката и на моќните жени во музиката воопшто.

Светскиот музичко-сценски спектакл и врвна танчерска трупа LORD OF THE DANCE утре, во среда 11-ти април, настапува во вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје! Најдоброто танчерско шоу на светот се враќа кај нас по цели 10 години и вкупно 5-те распродадени настапи пред македонската публика и тоа овој пат со целосно новото шоу „Опасни игри“ кое ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото. Во оваа прилика LORD OF THE DANCE ќе го претстави пред македонската публика најдоброто од ирскиот фолклор со енергичност, уиграност, врвна танчерска вештина и сценска екстраваганција.

Комбинацијата на музика и танц ќе ја долови магичната приказна чии традиционални вредности се релевантни и во современиот контекст, а за тоа ќе придонесе и најсовремената технологија која ја збогатува сценографијата, со многу специјални и светлосни ефекти, видео проекции, вкупно 34 извонредни танчери на сцена, како и врвни акробати од светски калибар.

Lord of the Dance премиерното претставување го имаше пред повеќе од две децении на сцената на величенствениот лондонски театар „Колисеум“, а пред само неколку години доживеа и спектакуларна преобразба во новото светско сценско шоу уште повозбудливо од оригиналот, и тоа токму под режисерската палка на славниот сопственик на Гинисов рекорд Мајкл Флетли.

Утре, македонската публика со овој настап ќе има прилика да ја погледне музичко-танцовата претстава и спектакл кој уште од праизведбата во славната Вембли Арена од 1998-ма година сѐ уште го држи светскиот рекорд од 21 во низа распродадени изведби.

Kако специјален гостин на овој ексклузивен настан во организација на Таксират Фестивал и Пасворд Продакшн, со свој настап пред публиката ќе се претстави и ансамблот ТАНЕЦ - светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност!



Влезот за посетителите во „Борис Трајковски“ арена утре ќе биде отворен од 19:00 часот.
Настапот на ТАНЕЦ е закажан во 19:30 часот, а двочасовното шоу на LORD OF THE DANCE ќе започне во 20:15 часот.


За овој настан преостанати се уште многу мал број билети за кои треба да побрзате на билетарницата пред „Борис Трајковски“ арена, во продажната мрежа на МкТикетс или онлајн на овој линк.

Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“ - ни порачува екипата на LORD OF THE DANCE која утре ја пречекуваме во Скопје!

Thursday, 29 March 2018 13:49

PUSSY RIOT

Written by
08.07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 29 March 2018 13:06

INNA

Written by
22.06.2018 Bulgaria TBA, BG
Thursday, 29 March 2018 13:06

CONSPIRACY

Written by
07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 29 March 2018 13:05

KOALA VOICE

Written by
07.07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 22 March 2018 11:07

PALINDROM

Written by
07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 22 March 2018 11:07

DUKE B

Written by
08.07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 22 March 2018 11:07

FINK

Written by
08.07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK
Thursday, 22 March 2018 11:06

WHO SEE

Written by
06.07.2018 Macedonia D Festival, Dojran, MK