Старт за РАН КОРМОРАН на Д Фестивал!

Старт за РАН КОРМОРАН на Д Фестивал!

Во среда, на 5-ти април точно на пладне стартува специјалната онлајн акција на Д ФЕСТИВАЛ со првите т.н. РАН КОРМОРАН билети за Фестивалот кои ќе се продаваат само во ограничен број. Оваа акција е начин на кој Д Фестивал ја наградува довербата на првите и свои најверни посетители, кои ќе имаат прилика да ги набават фестивалските „all-inclusive“ влезници по најповолната цена од само 600 денари!

Сите оние кои ќе ги купат своите билети за време на САМО ПРВИТЕ 48 ЧАСА од онлајн продажбата учествуваат и во извлекувањето за специјалните „златен комарец“ пакети кои на најсреќните четворица посетители ќе им донесат многу различни поволности на Фестивалот. Покрај тоа, во рамките на оваа акција сите купувачи својот тридневен билет за Фестивалот ќе може да го набават по најповолната цена, а добиваат и бесплатен камп. По завршувањето на 48-часовната онлајн акција, од петок (7-ми април) продолжува редовната продажба на најповолните РАН КОРМОРАН билети за Д Фестивал и во сите продажни места на МКтикетс.

ВАЖНО!!!

  • ПРВИТЕ 48 ЧАСА акцијата РАН КОРМОРАН се спроведува САМО ОНЛАЈН.
  • За полесно и побрзо купување на билетите, освен на овој линк, можете да ги купите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android и – iOs
  • Во продажба се ALL-INCLUSIVE БИЛЕТИТЕ со кои за трите дена на Фестивалот имате пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп.
  • Овие билети се достапни по НАЈПОВОЛНАТА ЦЕНА од САМО 600 ДЕНАРИ.
  • Онлајн акцијата РАН КОРМОРАН со која влегувате во извлекување за ЗЛАТЕН КОМАРЕЦ подароците, трае САМО 48 ЧАСА, односно од 5-ти април на пладне до 7-ми април на пладне
  • Сите купувачи на билети во рамки на првите 48 часа од продажбата влегуваат во извлекување за пакетот подароци ЗЛАТЕН КОМАРЕЦ.
  • Најсреќните купувачи со ЗЛАТЕН КОМАРЕЦ пакетите добиваат и многу различни поволности на Фестивалот како бесплатен автобуски превоз, посебно организирани дојрански гоштавања, подароци, ваучери и други изненадувања за незаборавно Д ФЕСТИВАЛ доживување, но и за неколку други значајни фестивали кои годинава се одржуваат кај нас и во регионот како што се GREEN BEACH FESTIVAL во Охрид, ТАКСИРАТ во Скопје, EXIT во Нови Сад и други.
  • Во извлекувањето на добитниците за ЗЛАТЕН КОМАРЕЦ пакетот учествуваат сите бар-кодови од влезниците купени во рамки на онлајн акцијата РАН КОРМОРАН за време на првите 48 часа.
  • Добитниците на подароци од пакетот ЗЛАТЕН КОМАРЕЦ ќе бидат објавени во понеделник, 10-ти април.

Бидете навистина брзи и подгответе се за новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ. Седмото издание на единствениот летен open-air фестивал кај нас Д ФЕСТИВАЛ ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а редовната продажба на РАН КОРМОРАН билетите по истата цена од 600 денари продолжува и во сите продажни места на МКтикетс во петок, 7-ми април.