M.O.P – легендите доаѓаат!

M.O.P – легендите доаѓаат!

По феноменалните настапи на DJ Premier и Onyx на минатогодишниот Таксират, ќе угостиме уште едно големо име од златното доба на хип хопот – M.O.P. (Mash Out Posse).

Password Production и SureShotz Entertainment ви го претставува рап дуото од Бруклин, Њујорк кое за првпат настапува во Македонија, во рамките на нивната блиц европска турнеа. Ексклузивниот настап на M.O.P. е закажан во Скопје, на 7. март во клубот Колосеум, со почеток во 21 часот.

Средношколските пријатели Lil' Fame (Jamal Grinnage) и Billy Danze (Eric Murray) доаѓаат од озогласеното бруклинско гето Brownsville и на хип хоп сцената се присутни од 1992. година. M.O.P. веќе наредната година дебитираат со синглот How About Some Hardcore?, кој ќе им ја отвори вратата до нивниот прв албум To the Death. Веднаш стануваат препознатливи по нивната агресивна интерпретација и сирово енергичен стил. Вториот албум Firing Squad ги зацврстува во андерграунд хип хоп семејството. Интернационалниот меинстрим успех M.O.P. го доживуваат дури 2000. година со извиканиот Warriorz албум и особено планетарниот хит од тој албум Ante Up, која инстант се најде на 25тото место на влијателниот Billboard. Од таа година дружината ја ужива меинстрим славата и оттогаш имаат објавено 4 албуми. Гости/пријатели/соработници во импозантната кариера на M.O.P., помеѓу останатите биле: Gang Starr, Jay-Z, 50 Cent, Busta Rhymes, Wu-Tang Clan, Afu-Ra, Termanology, Kool G Rap, Pharoahe Monch и многу други.

Влезници за M.O.P. веќе од утре, 23ти февруари по цена од 250/350 денари во Југотон, Чакра, Custom pub, Круг (Аеродром) и Fluid. Машкиот пол предосмомартовски добива свој хип хоп празник, а за припадничките на поубавиот пол влезниците за M.O.P. ќе бидат по цена од 200 денари.