Таксират Химна „Поучна“

Таксират Химна „Поучна“

Таксират во пресрет на финалната вечер доби и своја химна, насловена „Поучна“ - бесценет подарок од вкупно 14 македонски музичари кои по овој повод се здружија во „ол-стар“ колективот КАМАРАД.

Музиката, текстот и аранжманот на песната ги напиша РИСТО ВРТЕВ од АРХАНГЕЛ, а покрај него во КАМАРД се придружија: КОНСТАНТИН КАЧЕВ - акустична и електрична гитара (САНАТОРИУМ); БРАНИСЛАВ НИКОЛОВ – придружни вокали, ракоплескање (ФОЛТИН); ПЕЦЕ ТРАЈКОВСКИ – перкусии, ракоплескање (ФОЛТИН); ЈАНЕ ТРАЈКОВСКИ - труба, флугел хорна (Rib, СИЗ, JUNE, ex Denny te Chuva); ГОЦЕ СТЕВКОВСКИ - тапани (Архангел, Goce Stevkovski Septet); ПРЕДРАГ ИКОНОМОВСКИ - акустична и електрична гитара (АРХАНГЕЛ, La Colonie Volvox); ПЕРО СТЕФАНОВСКИ - акустична гитара (САНАТОРИУМ); ДАРКО МУЧЕВ - ракоплескање (АРХАНГЕЛ); ГОЦЕ ЈОВАНОСКИ - бас гитара (ФОЛТИНА); ПЕЦЕ НИКОЛОВСКИ – усна хармоника, ракоплескање (ФОЛТИН); СЛАВЧО ЈОВЕВ – ракоплескање (ФОЛТИН) и ВЛАТКО КРСТЕВ - виолина (Македонска Филхармонија, Кирил Џајковски бенд). Композицијата е снимена во студиото „Алшар“ и во продукција на ИВИЦА ЈАНКУЛОВСКИ.