Интимно… со Суперхикс

Конечно... вест која ја чекавме цели 7 години: Суперхикс со самостоен концерт.

Пред точно 17 години, тогаш младиот и амбициозен ска-панк-реге-латин-балкан бенд ја започна својата (невозможна) мисија, да стане дел од Третиот Бран на современиот ска звук. Токму тие 17 години се причината поради која Суперхикс ќе се претстават со интимен концерт за своите верни фанови. Местото на настанот е клубот Колосеум, датата е 3. март 2011, а часот 21:00.

За да го оправдаат епитетот на еден од најоригиналните бендови на сцената, Суперхикс подготвуваат бест оф издание на концертниот материјал, како и песни од новиот албум кои за првпат ќе имате можност да ги слушнете и почувствувате токму во Колосеум. На еснафското друштво Суперхикс на бината ќе им се придужат: едниот и единствен Раде Рогожаров, оригиналниот Neletronic Guru, како и стариот пријател DJ Славе. Перформасите на концерот предивуваат и специјално светлосно и видео шоу, додека костимографијата, исто така изненадувачка, од наследството на 30тите години. Подгответе се за впечатлив настап. Новиот спот на Суперхикс Африка е само дел од "лудилото" кое ве очекува.

Скопскиот мартовски концерт е во функција и на планираното DVD издание на Суперхикс наредната година, како и стариот долг кон публиката – видео спот сниман од присутните. 2011 година е само подготовка за наредната, годината на полнолетството на Суперхикс.

Формирани пред 17 години како тинејџерки сон на Петар Младеновски, Зоран Жежов и Борис Минов, а придружени од дувачка секција, Суперхикс својот прв настап го имаше токму на 3 март 1994. година. Од анонимноста излегуваат со деби албумот "Чекај бе.. викам каде бе малку" беше издаден за Литиум Рекордс во 2000 година кој веднаш им ги отвори портите на успехот и беше повеќе од јасно дека се работи за бенд со вонсериски капацитет. Во својата интензивна кариера Суперхикс ја делеа сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Ману Чао и Радио Бемба, Фан Ловинг Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Фишбоун и многу други... Нивниот долгоочекуван втор албум Трумано беше издаден во ноември 2003 година, повторно под етикетата на Литиум Рекордс. Веќе во првите неколку дена беше продаден како додаток во магазинот за млади Тин Шема во тираж од 25 000 копии. Четирите сингл нумери од Трумано го следеа успехот на нивниот претходник Раде, и ги окупираа повторно сите радио и ТВ топ листи како во Македонија, така и на Балканот и пошироко. Албумот беше проследен и со моќни и исцрпувачки турнеи низ Македонија, Балканот и Европа. Големата турнеја заврши со спектакуларен 3-часовен концерт на Скопскиот саем во родното Скопје пред 4000 посетители.

Долгоочекуваниот самостоен концерт е конечно пред Вас. Овојпат интимно, пред само 1500 одбрани. На програмата е и супер локалната поддршка – Новиот почеток. Преупредени сте на време. Претпродажбата стартува во среда, 9ти февруари. Следете нé.