Dubioza Kolektiv номинирани за најдобар независен албум

Dubioza Kolektiv номинирани за најдобар независен албум

Со албумот "5 до 12″ DUBIOZA KOLEKTIV е во номинација за најдобар независен албум за 2010 година според IMPALA, меѓународна независна организација основана во 2000 година на иницијатива на независните дискографски куќи, организација кој денес брои повеќе од 4000 членови.

Минатата недела на респектираниот фестивал MIDEM, одржан во Кан, Франција, премиерно беше објавена листата на номинации. Dubioza Kolektiv на овој ласкав избор се најде во друштвото на Skunk Anansie, Underworld, The National, Bambie Molesters, Delorean и El Guincho. Impala образложува дека од севкупниот музички бизнис 99% од дискографските куќи спаѓаат во ред на мали и средни, попознати како независни, и дека токму тие ја носат свежината и иновативноста во музиката денес. Impala го препозна капацитетот и оригиналноста на Dubioza Kolektiv и ги вброи во 20те најдобри независни албуми за минатата година.

Воедно, нескромно ви ја испраќаме и веста дека Password Production од јануари 2011 година е официјалната менаџерска куќа на Dubioza Kolektiv.