Најповолни цени во Европа за Жан-Мишел Жар

Најповолни цени во Европа за Жан-Мишел Жар

Утре (среда, 14-ти септември) во 12:00 часот започнува продажбата на билетите за концертот на легендарниот ЖАН-МИШЕЛ ЖАР во Скопје, кој ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, со што македонската публика прв пат ќе има привилегија да ужива во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Билетите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и тоа во лимитиран број односно во продажба ќе бидат пуштени само 6000 билети, а со овој капацитет скопскиот концерт на Жан-Мишел Жар претставува своевиден ексклузивитет во неговата турнеја во чии рамки тој настапува пред повеќекратно повеќе публика. Но и покрај тоа, цените на билетите за ова спектакуларно аудио-визуелно шоу се најповолни споредбено со европскиот пазар и повеќекратно пониски во споредба со цените за останатите концерти на Жан-Мишел Жар ширум светот.

Цени на билетите:
• партер: 1000 денари,
• фан пит: 1200 денари,
• блок 5, 6, 10, 11: 1200 денари,
• блок 7, 8, 9: 1300 денари,
• блок 3: 1500 денари,
• блок 2, 4, 12, 14: 1600 денари,
• ВИП (блок 13): 2000 денари.

 

shemabileti

 

Продажни места:
• Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;
• Во Охрид: New Tobacco;
• Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;
• Онлајн на mktickets.mk .

Сите детали за продажбата на влезниците ќе бидат достапни и на официјалната страница на МКтикетс за овој настан, на овој линк.

Пионерот на електронската музика Жан-Мишел Жар ќе го одбележи отворањето на 18-то издание на фестивалот Таксират со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во својата 40-годишна кариера, Жан-Мишел Жар првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување односно круна на проектот „Електроника“ - албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава. Во неговото создавање учествуваа музички величини како: Пит Таузенд, Моби, Масив Атак, Тенџерин Дрим, Лори Андерсон, Синди Лопер, Ер, Гери Њуман, Пет Шоп Бојс, Прајмл Скрим, Орб и многу други, како и одметнатиот американски разузнавач Едвард Сноуден. Како што е најавено, покрај новите композиции, посетителите ќе имаат прилика да се потсетат и на старите фаворити од неговите класики „Оксижен“ и „Еквинокс“, а сето тоа придружено со незаборавно аудио-визуелно доживување преку совршениот спој на многубројните сценски ефекти што ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.

Повеќе за овој концерт прочитајте на овој линк.

Придружете се на официјалниот Facebook настан каде што редовно се објавуваат сите новости.