Суперхикс во Африка

Суперхикс во Африка

По повеќемесечно снимање на повеќе скопски локации Суперхикс конечно со нов видео запис, и тоа за, сега веќе сме сигурни, големиот хит Африка.

Својата балканска премиера Африка ја имаше на 3ти јануари годинава на MTV. Во моментов Африка се наоѓа на популарната MTV топ листа Domaćica.

Суперхикс се подготвуваат за повеќе балкански и европски настапи, како и за големиот скопски концерт. Очекувајте повеќе информации наскоро.