Кирил на World Music Expo во Копенхаген

Кирил на World Music Expo во Копенхаген

Вечер во DR Koncerthauset во Копенхаген, Данска, (1:45 a.m.), КИРИЛ настапува на најголемиот светски саем на музика – WOMEX.

Кирил ќе настапи на Вомекс како еден од ретките балкански артисти кој настапува на овој реномиран фестивал. Стручното жири на Вомекс по неколку селекции го избра токму Кирил за претставување на фестивалот.

WOMEX (World Music Expo) е интернационален музички проект базиран во Берлин, чиј главен настан се одржува еднаш годишно на различни локации ширум Европа патувајќи од 1994 преку Берлин (1994), Брисел (1995), Mарсеј (1997), Стокхолм (1998), Берлин (1999 + 2000), Ротердам (2001), Есен (2002 + 2004), Њукасл (2005), Севиља (2003 + 2006 – 2008) до Копенхаген (2009). Содржи саем, конференции, настапи, награди. 2009-2011 Womex се одржува во Копенхаген, Данска, во партнерство со WorldMusicFair Copenhagen, Copenhagen JazzFestival и туристичката организација Wonderfull Copenhagen. Првото издание на Womex во 1994 година е покренато од претседателот Кристоф Борковски.Секоја година Womex доделува награди за артисти и професионалци за нивни достигнувања во интернационалната музичка индустрија. Од 2006 година во координација со World Music Charts Europe се презентираат три Top Label Awards.Веќе втора година, DR Koncerthauset е домаќин на WOMEX Night Showcases. Високиот звучен квалитет остави голем впечаток кај минатогодишните учесници кои настапија во Jean Nouvel Building, во која ќе бидат сместени сите 4 сцени под еден покрив. Оваа новодизајнирана градба е приспособена за концерти за класична музика. Спектакуларната градба ја доби наградата Wallpaper Design Award 2010. Showcase Festival e музичкиот дел од Womex и се одржува во Koncerthauset. Секоја вечер на овој дел од Womex – Showcase Festival, се презентираат повеќе од 40 артисти од целиот свет.

"Егзотично и брилијантно, Кирил со музиката прави невозможни работи. Кирил, без двоумење е музички гениј и вистински алхемичар на звукот. Homebound е ремек дело. "

ELECTROAGE

"Комбинацијата на традиционални елементи и одлични битови се вклопува зачудувачки добро. "

JAZZ FM RADIO UK

"Неверојатно остварување од многу талентиран артист."

NET RADIO
"Презентирајќи го својот прв соло албум, Кирил ги измеша drum'n'bass и break-beat формите со егзотичноста на Балканските мелодии и го претстави уникатниот нов звук наречен "world music"