Стигна „Последниот албум“ на групата С.А.Р.С.

Стигна „Последниот албум“ на групата С.А.Р.С.

По 5 студиски и еден live албум, изданието со симболичен наслов – „Последниот албум“ на групата „С.А.Р.С.“ е ексклузивно објавен на Deezer, под етикетата на Lampshade Media и Dallas Records. Групата го објави и видео спотот за синглот „Глупост“ од новиот албум, за кој соработуваа со бендот „Ничим изазван“, а кој за само пет дена забележа повеќе од 100.000 прегледувања на „ЈуТјуб“.

„С.А.Р.С“ годинава слават десет години постоење на регионалната сцена. Нивната славеничка турнеја ќе излезе не само од границите на регионот туку и од Европа, бидејќи бендот цел месец мај ќе го помине на настапите низ Австралија, а договорени се нивни настапи и во Англија, Италија и Шведска.

Гласините дека бендот престанува со работа по објавувањето на „Последниот албум“ не се точни. Имено, членовите на групата објаснуваат дека според нив албумите се застарен формат, па во иднина ќе продолжат да објавуваат само синглови.

Преслушајте го новиот албум преку овој линк!