Blla Blla Blla со нов спот за “E keqja keq më la”

Blla Blla Blla со нов спот за “E keqja keq më la”

Новиот видео спот на Бла Бла Бла... конечно премиерно се појави пред балканската публика на 10.10.2010.

МТV прикажувањето на најновото видео на Blla Blla Blla... за песната E keqja keq me la (Лошата лошо ме остави), е дел од листата MTV Domacica, на која може да гласаат сите оние кои задоволно го пречекаа долгоочекуваниот спот. Во улога на режисер на видео спотот се потпишува Благоја Неделковски. Како еден од подобрите спотови промовирани во последно време, овој спот наскоро ќе се појави и на македонските медиуми, на задоволство и на македонската публика, како најава за третиот албум "Lamtumire" (Збогум) кој од Blla Blla Blla... се очекува до крајот на 2010.

По концертите во Холандија, Албанија и Косово – Идриз Амети, Кренар Исмаили, Никола Бочваров и Благојче Пенов како дел од колективот изминатиот период имавме можност да ги гледаме и на Аларм фестивалот во Охрид, Street фестивалот во Куманово, како и на Пиволенд во Скопје. Бла Бла Бла... е познато и оригинало име на домашната сцена уште од 1988 година кога почетоците на бендот беа доволно впечатливи за да го задржат интересот на публиката и до ден денес, кога после 5 години нѐ очекува квалитетен албум, со спот за E keqja keq me la како достојна најава.