KOOP OSCAR ORCHESTRA во МКЦ Скопје

KOOP OSCAR ORCHESTRA во МКЦ Скопје

Во соработка на МКЦ Скопје & Password Production, за 14 април 2016 (четврток) со огромно задоволство ви го најавуваме концертот на KOOP OSCAR ORCHESTRA, за прв пат во Скопје!

Многу музички бендови звучат како Koop, но Koop звучат како никој друг. По 10 години борба, Oscar Simonsson, композиторот и продуцентот кој стои зад шведската џез/електронска сензација Koop, замина од сцената на која се одржа последниот концерт на овој бенд. Koop издадоа три албуми кои се сметаа како пресвртна точка во електронската сцена – „Sons of Koop“, „Waltz for Koop“ и „Koop Islands“. Иако никогаш не беа во центарот на вниманието, нивната идеа ја пренесуваа нивните фанови и андерграунд сцената, додека не дојдоа до точка кога нивната музика беше комплетно разбирлива.

Пет години по распаѓањето на Koop, Oscar Simonsson чувствувал дека е повторно подготвен за музика. Имајќи во глава неколку идеи за нови песни, Simonsson немал идеја како истите би можел да ги објави. По кратко дружење со литванската пејачка Jazzu, ја прашал дали би сакала да проба неколку нови песни со него. Така дознава колку му недостасува музицирање со други артисти, па одлучува да состави бенд со Jazzu како вокал. Го нарекува бендот Koop Oscar Orchestra (KOO). Главната мисија на KOO е да ја слави големината на музиката, особено моментот што музиката има способност да ги поврзе луѓето на начин на кој ништо друго не може. Бендот прераснува во состав од седум музичари и нивното прво појавување во јавност е во есента 2015 година. Составот изведува песни кои Simonsson ги има напишано за Koop, заедно со други необјавени материјали, понекогаш проследени со автентичен фолк звук. За него, „суштината на музиката е да се состават повеќе различни звуци. Особено за сите тие осамени луѓе на сцена со лаптоп, преправајќи се дека прават нешто – да им ги растрепери срцата.“

Концертот е во организација на МКЦ & Password Production.

Билети во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс и на Билетарница МКЦ по цена од:
300 денари до 17.март
400 денари од 18.март до 13.април
500 денари на ден на концерт - 14.април!

МКЦ Скопје
14.04.2016
KOOP OSCAR ORCHESTRA во живо!

Facebook Event: facebook.com/events/1129048250461821