ALBERTHAIN настапуваат на ПИН Конференцијата во рамки на ТАКСИРАТ 17

ALBERTHAIN настапуваат на ПИН Конференцијата во рамки на ТАКСИРАТ 17

Вклучете ги засилувачите - гласно - и почувствувајте го искуството на рутс реге, денсхол, ска и рок-стеди! ALBERTHA!N (Албертхаин) е на сцена, претворајќи го подиумот во парна локомотива полна со разиграни луѓе на нивните позитивни ритми. ALBERTHA!N! - ова е група на музичари од различни музички правци. Се здружија во 2003 година со цел да создадат привлечен реге звук. Водени од големите ска и реге имиња, а инспирирани од елементи од различни музички стилови - тие генерираат моќен сет на ‘заразни’ песни - гарантирано ве оставаат без здив и испотени на подот!

ALBERTHAIN настапуваат на ПИН конференцијата во петок, 27ми ноември 2015 година! Концертот ќе се одржи во „Денсинг сала“ во Младински Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:45 часот.

Дојдете и придружете ни се во заедничката прослава со незаменливите ALBERTHAIN од Дрезден, Германија кои прв пат ќе настапат пред македонската публика.

ПИН Конференцијата годинава по втор пат се одржува во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, а програмата за седумнаесеттото издание на фестивалот ќе биде и официјално отворена токму со ПИН конференцијата – вториот европски саем на музичките работници. Во рамки на двата дена на ПИН конференцијата ќе имаме прилика заедно со повеќе од 200 гости и музички експерти од 22 земји од Европа да бидеме дел од повеќе од 20 панели, дебати, работилници, проекции и да уживаме во настапите на повеќе од 40 извонредни групи и музичари од цела Европа и Македонија.

Настапот на ALBERTHAIN на ПИН конференцијата е поддржан од страна на Initiative Musik Non-profit Project Company Ltd. и проект фондот на Комесарот за Култура и Медиуми на Сојузната Влада на Германија врз основа на резолуцијата донесена од страна на Германскиот Бундестаг.

Supported by the Initiative Musik Non-profit Project Company Ltd. with project funds from the Federal Government Commissioner for Culture and Media on the basis of a resolution passed by the German Bundestag.