„ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ - стартува ТАКСИРАТ акцијата за групно купување билети

„ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ - стартува ТАКСИРАТ акцијата за групно купување билети

По распродажбата на промо-билетите и билетите со најповолната цена во претпродажба, ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ за главната вечер го најавува стартот на најдругарската акција 4+1 која секогаш ја развеселува драгата публика со пакет-влезници и подарок за друштвото „таксиратлии“. Овогодишното партнерство на ТАКСИРАТ и СКОПСКО, пред фановите на фестивалот ја претставува оваа специјална акција насловена „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ во чии рамки успешната соработка на Таксират и Пивара Скопје АД, ќе ги развесели сите „жедни“ љубители на добрата музика.

Во рамки на оваа акција продолжува традицијата на групно купување влезници кое носи подарок влезница за еден член од вашиот омилен фестивалски тим. Имено, секое четиричлено друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за ТАКСИРАТ по актуелната цена од 899 денари, добива уште една влезница подарок за петтиот член во друштвото.

Најдобрата забава е секогаш кога сте опкружени со најдобрите пријатели, а покрај тоа акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ се чини одлична и за да го одбележите крајот на 2015 со фестивалското финале на ТАКСИРАТ и воедно меѓу првите да ја започнете празничната сезона со подарок влезница за еден од вашите најблиски пријатели или за вас самите.

Акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ се спроведува од денес, 2. декември, па сѐ до 7. декември односно до кога важи актуелната цена на билетите во претпродажба од 899 денари. Вечерта на 7. декември, билетите за ТАКСИРАТ ќе се продаваат на билетарницата пред Метрополис Арена по нивната полна цена од 999 денари.

Во продажба се и регуларните влезници по редовната цена од 899 денари, како и ВИП влезниците кои чинат 2.000 денари. Акцијата „ДРУШТВО ЗВУЧИ СУПЕР“ и продажбата на регуларните влезници за Таксират се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс.

До главната вечер на фестивалот остануваат само уште пет дена, кога очекуваме посетители не само од Македонија, туку и голем број фанови од соседните земји. На 7. декември на големата сцена во Метрополис Арена ќе имаме чест да ги пречекаме виртуозното хрватско дуо кое го освои светот 2CELLOS, великаните на музичката авангарда LAIBACH, шведската power/heavy метал атракција SABATON, жестоките каталонци LA PEGATINA, култниот хип хоп состав С.А.Ф. и Тони Китановски Little Big Band и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен MODESTEP за затворање на фестивалот.

Твое време е! Собери ја омилената ТАКСИРАТ екипа и заедно израдувајте еден член од вашето друштво со подарок влезница!