JUNE на најголемата европска музичка конференција

JUNE на најголемата европска музичка конференција

Убава година за Џун!

Како дел од ЦЕТЕП програмата за размена на таленти на европско тло, ЏУН имаа можност оваа година да бидат на сцената на најдобриот европски фестивал за 2014та - СИГЕТ во Будимпешта, а потоа и на конференцијата и фестивал WAVES во Виена!

Добри вести стигнаа од најпосетената и водечка музичка конференција и фестивал ЕУРОСОНИК, кој се одржува секој Јануари во Гронинген, Холандија. Овој фестивал дочекува секоја година повеќе од 300 артисти и врвот на музичката индустрија предводен од преку 3000 професионалци во доменот на менаџментот, фестивалски промотери, како еден куп лица кои ги дишат и создаваат новите трендови на светската музичка сцена. Еуросоник беше важна станица за кариерите на Kings of Convenience, Hooverphonic, Mando Diao, The Subways, Nouvelle Vague, Enter Shikari, Selah Sue, White Lies, Lykke Li, James Blake, Jessie Ware и уште многу други! 

Се од `А` до `Ш` е на нивниот официјален вебсајт: http://www.eurosonic-noorderslag.nl/ 

Е, таму, на 15 Јануари ќе настапат нашите ЏУН!