Расположени за таен концерт на Д Фестивал?

Расположени за таен концерт на Д Фестивал?

Псст... тајни концерти на Д Фестивал! Биди еден од дваесетмината најпривилегирани фестивалџии во Дојран и уживај во некој од 3-те тајни концерти на Д Фестивал.

На секој од тајните концерти ќе присуствуваат по најмногу 10 луѓе, а артистите кои што ќе настапат и местата на случување на тајните концерти се... тајна :)

Што треба да направите?

Објавете фотографија со вашата Д Фестивал влезница на ФБ и почнете жетва на лајкови.
Оние кои ќе соберат најмногу лајкови ќе добијат ексклузивна можност да проследат таен и интимен концерт на 3 од бендовите кои што се дел од официјалната програма на Д Фестивал.

Побрзај, објави фотка, во постот тагни го Д ФЕСТИВАЛ - ДОЈРАН, додај го хаштагот ‪#‎СèЕНајубаво‬ и со среќа во собирањето лајкови.

Потрагата по 20-те среќници кои ќе бидат дел од оваа единствена фестивалска активност почнува веднаш, а завршува на 15-ти јули.

Одиме!