Д Фестивал е спремен!

Д Фестивал е спремен!

За 7 дена почнува Д Фестивал. Интересот и повратната реакција која ја добиваме надмина се' што очекувавме. Со оглед на понудата што ја спремивме, енергијата која ја вложивме и одличната програма, очекуваме извонредна забава. Не чекаат 3 максимално исполнети денови и многу потенцијални приказни. На 3 сцени имаме повеќе од 30 артисти и бендови и многу диџеи.

Карти се' уште има и цената останува иста додека не се продадат сите билети по промотивна цена, кои секој час се во се' помал број. Неверојатни 600 денари за 3-дневна фестивалска влезница плус простор за камп. Дневните влезници за петок и сабота (17-ти и 18-ти) чинат 250, а за недела (19-ти) се 350 денари. Од 17-ти јули, фестивалската карта чини 800 денари, а дневните влезници 100 денари повеќе, т.е. 350, 350 и 450 денари. Сите детали и продажни места низ Македонија на МкТикетс.

Важно е дека со дневна влезница, посетителите на фестивалот нема да можат да влезат во кампот и да уживаат во преполната програма во овој фестивалски сегмент. Доколку имате карта за само еден ден, влезот во кампот ќе ве чини дополнителни 200 денари, за кои добивате камперска алка и пристап до се' што се нуди како дополнителни активности.

Главната програма се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, гледајќи десно ако се движите од Нов Дојран. Тука ќе биде поставена голема сцена со се' што е потребно за вистинско фестивалско доживување. На главниот стејџ програмата ќе се одвива по следниов редослед:

aaa


Паркинг ќе има веднаш до главната сцена на Д Фестивал.

Кампот се отвора на 16-ти и е лоциран во прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран, кај општината. Од главната сцена е оддалечен 5 минути пеш. Полн со сенка, паркот е идеален за фестивалско сместување. Инфраструктурата веќе се поставува, кампот го проширивме заради илјадниците посетители кои што ги очекуваме и сега во него има доволно простор за да се направат многу работи, и тоа ќе се случи. Кампот ќе биде ограден, ќе има тушеви, тоалети, ВиФи интернет, пункт за полнење телефони...

Москито стејџ е втората фестивалска сцена, сместена во кампот, која што ќе има своја супер програма во сабота и недела, т.е. 18-ти и 19-ти. Распоредот на бендовите на "Комарецот" е следен:

Screen-shot-2015-07-10-at-12.32.11-PM

Третиот стејџ е сместен на едниот крај од кампот, а за програмата ќе се грижат неколку десетици диџеи.

Дополнителна програма има многу. Посебно задоволство ни претставува Граѓанската зона за акција, во која што успеавме да вклучиме речиси 20 организации од секаков тип. Формални и неформални групи и сите одлични. Имаме различни делувачи на повеќе полиња кои ќе се претстават преку работилници, дебати, презентации, изложби, поетски читања, проекции, дискусии... цела дополнителна програма во која ќе уживаат Д фестивалџиите. Повеќе, тука.

Екстра понуда има во изобилие. Во кампот ќе има свежо приготвено кафе, цедени сокови, храна со месо и без, трамполини, друштвени игри, па и Плеј Стејшн. Ќе се прават суканици, ќе се изработува накит, маички...

Организиран превоз има. Неколку туристички агенции ве водат од десетина града од Македонија до единствената фестивалска понуда летово. Повеќе информации на следниов линк.

На точак се стига до Дојран, а со велосипед ќе можете да влезете во кампот. Во Дојран ќе се изнајмуваат и точаци - бесплатно.

Се' е подготвено за 5-от Д Фестивал и се' е најубаво.

Се гледаме во Дојран!