Ајде на МЕНТ!

Ајде на МЕНТ!

Ако си соло артист или имаш бенд, одма кликај за повеќе. Имаш одлична можност директно да се претставиш пред стотици професионалци од европската музичка индустрија.

 

МЕНТ е 3-дневен настан во Љубљана (3-ти до 5-ти февруари 2016-та). Фестивалот се случува на ралични локации во главниот град на Словенија, каде артистите имаат можност да се претстават и да го тестираат својот потенцијал пред меѓународна група на букинг агенти. 

 

Фокус на конференцијата е Балканот и Источна Европа, а делегатите доаѓаат од повеќе земји од Стариот Континент па и пошироко.

 

Ова е второто издание на МЕНТ. Првиот фестивал помина одлично, преку 2.500 луѓе ги посетија конференциите и концертите, а имаше околу 300 делегати и професионалци од музичкиот бизнис од 27 земји. 

 

Според пресметките на организаторите од првиот МЕНТ, повеќе од 30% од оние што се претставија во Љубљана букирале настап. 

 

Што чекате? Аплицирајте тука.